мини| Танчерки облечени во стилот на калушари Калушари () се членови на братско тајно друштво кои практикуваат ритуален акробатски танц познат како калуш. Од три недели по Велигден до Духовден, тие традиционално патуваат во сите нивни локални заедници каде што танцуваат, придружени од неколку виолини.

Историја Потеклото на калушари е непознато, иако првите пишани извори се од музичките нотации на Јоан Кајану од 17 век.

Романскиот историчар на религијата Мирча Елијаде истакнал дека: „Иако положената заклетва е дадена во името на Бога, митско-ритуалното сценарио донесено од калушари нема ништо заедничко со христијанството“ и дека, барем во 19 век, имало свештеничко противење кон групата, при што нејзините членови биле исклучени од причестувањето три години во некои региони.“

Етимологија Мирчеа Елијаде верувал дека терминот Калушари потекнува од романскиот збор за коњ, „кал“, кој пак потекнива од латинскиот „caballus“.

Општо прифатената деривација на калуш е од старата латинска двојна форма со значење „танцова група“ и „тајно друштво“. Романскиот збор căluș значи и „мало парче дрво ставено во устата за да се спречи зборувањето“, а изведбата од овој збор се поврзува преку присуството на немиот лик во некои групи и ритуалната тишина што порано ја почитувала целата група. Други го гледаат калуш како деминутив од романскиот збор кал, односно коњ, кој е пак изведен од латинскиот „caballus“, и укажуваат на митските асоцијации на коњот со плодноста и војната, како и имитацијата на коњите пронајдени во одредени танци на калушарите, иако овие танци моментално не играат главна улога во ритуалот. Друга теорија е дека произлегува од латинското „Coli-Salii“, односно римските свештеници посветени на обожавањето на богот Марс.

Опис мини| Двајца Калушари, фотографирани околу 1930–1940 г. Традиционално, групата калушари е тајно здружение само за мажи, поврзано со пролетен обред, кој веројатно е остаток од племенските воини општества. Водачот на групата (обично постар маж) регрутира голем број соработници, секогаш млади неоженети мажи избрани поради физичката способност. Членовите на групата полагаат заклетва за тајност, при што учествуваат во обредот на иницијација и ги подучуваат формите на танцот. Групите на калушари шетаат низ земјата во пролет, посетувајќи села и учествувајќи во викенд-игрите.

Танц Калуш е машко групно танцување, иако постојат записи за традиции од регионот Олтенија во кои имало 1–2 млади девојки. Групата би избрала „невеста“ од секое село низ кое поминувала, врз основа на нејзините танцувачки вештини. „Невестата“ била обврзана да учествува во ритуалниот танц три години по ред. 

Танчерите носат бели панталони и бели туники, со светли ленти кои висат од нивните капи. Ѕвоната се прикачени на нивните глуждови, а танците вклучуваат употреба на раскошни стапчиња кои се држат исправено додека танцуваат, или покажувајќи кон земјата како реквизит. Самиот танц е многу акробатски, нагласувајќи го продолжувањето и скоковите во височина. 

Калушарите вклучуваат „будала“, позната како „небун“, или „лудо“.

Танцот ги вклучува следните елементи:

Почетното одење, или основен чекор, претставува движење во круг спротивно од стрелките на часовникот. Покомплексни фигури се изведуваат помеѓу чекорите. Фигурите се формираат од комбинации на елементи, често ја имаат структурата - почеток-средина-крај.

Поврзаноста со самовили Според романскиот историчар Мирча Елијаде, калушарите биле познати по „својата способност да создаваат впечаток на летање во воздух“. Тој верувал дека тоа го претставува и галопирањето на коњот и танцот на самовилите. Покровител на групата била „Кралицата на самовилите“, која била позната и како Иродијада и Арада, а Елијаде ја поврзувал и со фолклорната личност Дијана. Се верувало дека калушарите можеле да ги излечат жртвите на самовилите.

Воени елементи Во својот танц, калушарите носеле палки и меч, како и знаме и дрвена коњска глава. Тие се заколнувале на знамето на групата дека ќе се однесуваат едни со други како браќа, ќе ги почитуваат обичаите на калушарите, и ќе останат чесни во следните девет дена. По нивното враќање дома, знамето било оставано забодено во земја, при што еден член се качувал и извикувал „војна, драги, војна!“.

Слични танци Други машки групни танци кои потекнуваат од ритуални танци се наоѓаат на Карпатите и во Трансилванија. Карпатските варијанти од Молдавија и од Марамуреш ги вклучуваат само најосновните карактеристики, додека танците од Трансилванија се многу покомплексни поради подоцнежното развивање.

Слична практика постои во Бугарија и Македонија, но под името русалии.

Англискиот танц Морис е исто така сличен во кореографијата, во значењето на ритуалниот танц со меч и во костимите. Тоа едноставно претставува заедничко европско оро, па оттука доаѓаат и неговите врски со вообичаените народни верувања како што се самовилите.

Поврзано Русалии

Наводи

Библиографија

Надворешни врски

Историјата на светите танци Ванкувер Морис, за танц со Канаѓанката Регина Калушари во 1997 година Романски калушари УНЕСКО: Традицијата калуш Историја на танцот калушари

Категорија:Обредни танци Категорија:Романска култура Категорија:Нематеријално културно наследство