Бела Црква — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало на 2 км југоисточно од Граче.
Историја Бела Црква било мало македонско село кое се распаднало во конфликтните години по времето на управувањето на Али-паша Јанински во XVIII век. Неговите жители, заедно со тие од околните села, биле преселени во Епир. По триесет години некои од жителите се вратиле и го основале селото Граче.
Наводи
Категорија:Историски села во Нестрам