Во фитосоциологијата и екологијата на заедницата, здружението е вид на еколошка заедница со предвидлив состав на видови и доследна физиономија (структурен изглед) што се јавува во одреден вид на живеалиште. Поимот првпат бил измислен од Александар фон Хумболти формализиран од Меѓународниот ботанички конгрес во 1910 година.

Здружение може да биде гледано како стварен, интегриран ентитет обликуван или од интеракциите на видовите или од слични барања за живеалиштата, или може да се гледа како само заедничка точка долж континуумот. Поранешното гледиште го поддржувал американскиот еколог Фредерик Клементс, кој го гледал здружението како целина што е повеќе од збирот на нејзините делови, и Јосијас Браун-Бланке, фитосоциолог роден во Швајцарија. На другиот крај на расправијата бил американскиот еколог Хенри Глисон,кој ги гледал овие групирања на растителни видови како случајност произведена од „флуктуацијата и случајното доселување на растенијата и еднакво флуктуирачка и променлива средина“.Gleason (1935), cited in Barbour et al. 1999, p. 184 p.23

Поврзано

Растителна заедница Агрегат на видови Сојуз (таксономија) Фитоценологија Зооценологија Биом

Наводи

Дополнителна литература

Категорија:Живеалишта (екологија) Категорија:Синекологија Категорија:Живеалиште Категорија:Еколошка терминологија Категорија:Ботаника Категорија:Биологија Категорија:Еколошки поими