мини|Остатоци од црквата „Св. Димитар“ Хаџидимово (на буг. Хаджидимово, изворно Сингартија) — град во Пиринска Македонија, Република Бугарија, во југозападниот дел на државата. Центар на Општина Хаџидимово. За град е прогласен во 1996 година.
Географија Хаџидимово се наоѓа во долината на р. Места, меѓу Родопите и Пирин планина . Тој се наоѓа на 215 км од главниот град Софија, на 118 км од Благоевград и на 17 км од бугарско-грчката граница.
Историја Поранешни имиња на градот се Горна Сингартија и Долна Сингартија Жостово (според името на генералот Константин Жостов од селото Гајтаниново, во општина Хаџидимово. Градот бил разделен на две села – Горна Сингартија и Долна Сингартија, кои во 1934 година се обединиле под името Жостово. Во 1951 година градот е преименуван во Хаџидимово, во чест на Димо Хаџи Димов.
Религија Во градот отсекогаш имало само христијани. Во поново време има населено и некои муслимани (Турци и помаци).
Категорија:Општина Хаџидимово Категорија:Градови во Пиринска Македонија Категорија:Бугарско-грчки гранични премини