Карли Елизабет Сајмон (анг: Carly Elisabeth Simon, родена на 25 јуни 1943 година во Бронкс, Њујорк) ― американска пејачка, текстописец, музичарка и писателка на мемоари и книги за деца. Во текот на 1970-тите се стекнала со популарност со низа хит песни; 13 нејзини песни се пласирале во топ-40 на Билбордовата листа меѓу кои „Ancipation“ (бр. 13), „The Right Thing to Do“ (бр. 17), „Haven't Got Time for the Pain“ (бр. 14), „You belong to me“ (бр. 6), „ Coming Around Again“ (бр. 18), и нејзините четири песни со златен тираж „You're So Vain“ (бр. 1), „Mockingbird“ (бр. 5, дует со Џејмс Тејлор), „Nobody Does It Better“ (бр. 2) од филмот за Џејмс Бонд од 1977 година „Шпионот што ме сакаше“ и „Jesse“ (бр. 11). Напишала 2 мемоари и пет книги за деца.
Со нејзинaта песна од 1988 година „Let The River Flow“, од филмот Вработена девојка, Карли станала прв изведувач кој освоил награда Греми, Оскар и Златен глобус за песна компонирана, напишана и изведена од ист уметник.
Карли Сајмон била една од најпопуларните кантавтори кои се појавиле во 1970-тите; 24 нејзини песни се пласирале на Billboard Hot 100 и 28 песни на Billboard Adult Contemporary листата. Покрај другите признанија, Карли има освоено две Греми награди (од 14 номинации) и нејзината песна „You're So Vain“ во 2004 година била примена во Гремиевата куќа на славата. AllMusic ја нарекле „една од најзначајните кантавторки од 70-тите“. Таа има контраалт глас. Сајмон била примена во Куќата на славата на текстописците во 1994 година. Од Бостонските музички награди ја добила наградата за животно дело во 1995 година, а добила почесен докторат по музика од колеџот Беркли во 1998 година. Во 2005 година, Карли Сајмон била номинирана за ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, но таа сè уште ја нема добиено својата ѕвезда. Во 2012 година, ја добила Наградата за основачи од Американското друштво на композитори, автори и издавачи. Во 2022 година, Сајмон била примена во Куќата на славата на рокенролот.
Детство и младост Карли Сајмон е родена на 25 јуни 1943 година, во Њујорк во добро ситуирано семејство. Нејзиниот татко, Ричард Л. Сајмон ( англиски: Richard Leo Simon) бил основач на успешната издавачка куќа Simon & Schuster и пијанист. Тој свирел класична музика, па класиците како Фредерик Шопен и Лудвиг ван Бетовен често се слушале во нивната куќа. Мајката на Карли Сајмон, Андреа Сајмон била борец за граѓански права и пејачка. Татко ѝ имал германско-еврејско потекло.
Карли детството го поминала во населбата Ривердејл во Бронкс. Имала две постари сестри, Џоана и Луси, и помлад брат, Питер. Според книгата со фотографии од Питер објавена кон крајот на 1990-тите, тие биле воспитувани како римокатолици. Карли изјавила дека кога имала седум години, семеен пријател-тинејџер сексуално ја нападнал. На осумгодишна возраст, Карли почнала многу да пелтечи. Психијатрискиот третман не помогнал. Затоа, Карли почнала да пее и да пишува песни.
Сајмон завршила основно училиште во Ривердејл и посетувала најмалку четири семестри на колеџот Сара Лоренс. Таа, исто така, го посетувала на музичкото училиште Џулијард.
Музичка кариера
1963–1969: The Simon Sisters и Elephant's Memory десно|мини| Карли Сајмон на фотографија од 1971 година Карли Сајмон својата музичка кариера ја започнала во групата со нејзината сестра Луси Сајмон, the Simon Sisters. Луси била сопран, а Карли контраалт. На 27 април 1963 година потпишале со Kapp Records. Со нив објавиле два албума: Meet the Simon Sisters (1964), Cuddlebug (1966). Дуото објавило уште еден албум во 1969 година, The Simon Sisters Sing the Lobster Quadrille and Other Songs for Children.
Дуетот се распаднал откако Луси решила да основа семејство. По распаѓањето на групата, Карли половина година била дел од групата Elephant's Memory.
1970–1971: Соло кариера и успех Во 1970 година, Карли Сајмон потпишала договор со Џек Холцман од Elektra Records. На 9 февруари 1971 година го издала нејзиниот прв албум, Carly Simon кој се искачил на 30-то место на Билборд 200. Карли Сајмон била номинирана за најдобра женска поп вокална изведба на 14-тите годишни награди Греми, каде што ја освоила наградата за најдобар нов изведувач.
Нејзиниот втор албум, Anticipation, бил објавен во ноември 1971 година. Албумот се искачил на 30-то место на Билборд 200, а на 15-тите годишни Греми награди Сајмон повторно била номинирана за најдобра женска поп вокална изведба. Стивен Дејвис за Ролинг Стоун напишал многу позитивни критики за албумот. Тој ја издвоил „Our First Day Together“ како „тивка песна, прекрасна и прилично загадочна, во која се чувствува влијанието на акордите од Џони Мичел, како и „I've Got To Have You“, која ја опишал како „апсолутен клинчер“. За нејзиното искуство со снимањето на албумот, Карли подоцна рекла: „Тоа се меѓу најдобрите спомени што ги имам од снимање. Имав група. Цел албум го сними таа група (Енди Њумарк, Џими Рајан, Пол Гланц) и јас. Кет Стивенс пееше и свиреше на неколку песни, но во целина ми се допадна“.
Водечкиот сингл од албумот, исто така насловен како „Anticipation“, станал голем хит; стигнал до 3 место на радиото Easy Listening и 13-то место на поп-листата од Билборд. Оваа песна е позната и по тоа што е употребена во реклама за кечапот Хајнц.
Исто така во 1971 година, Карли Сајмон глумела пејачка на аудиција во филмот на Милош Форман „Полетување“, а за истиот филм придонела со песната „Long Term Physical Effects“, која исто така се нашла на саундтракот од филмот.
1972–1974: No Secrets, „You're So Vain“ и Hotcakes алт=Simon smiling b&w|лево|мини| Фотографија за печат од 1972 година Карли најголем успех во кариерата постигнала со песната „You're So Vain“. Песната избила на прво место на американските топ листи, а само во САД била продадена во над милион копии и станала еден од најголемите хитови на деценијата. Успехот на песната придонел и за успехот на албумот, No Secrets, кој пет последователни недели бил на прво место на Билборд 200 листата. Албумот, истата година стекнал златен статус, а во 1997 година бил сертифициран неговиот платинест тираж. „You're So Vain“, на 16-тото годишно доделување на Греми наградите била номинирана за снимка на годината, песна на годината и најдобра женска поп вокална изведба, а No Secrets бил номиниран за најдобро аранжиран запис. Во 2004 година, песната била вклучена во Гремиевата куќа на славата, а во 2008 година била ставена на 72 место на листата од Billboard Hot 100 од 100 најдобри песни во 50 годишното постоење на листата (од август 1958 до јули 2008 година). Во 2021 година, Ролинг Стоун ја ставил на 495-то место на нивната листа од 500 најдобри песни на сите времиња.
Прашањето за кого се однесува песната „You're So Vain“ станало едно од најголемите мистерии во популарната музика, а особено стиховите „Многу си суетен/би се обложила дека сметаш дека песнава е за тебе“. Преку 40 години, Карли Сајмон јавно не открила на кого се однесува песната. Таа дала насоки дека може да се однесува на неколку луѓе, а многу луѓе од печатот шпекулирале дека се работи Мик Џегер, кој пеел во позадина на песната, или Ворен Бејти. Конечно, во ноември 2015 година, Сајмон, промовирајќи ги нејзините мемоари кои требало да ги објави наскоро, рекла: „Потврдив дека вториот стих е за Ворен“ и додала дека ако „Ворен мисли дека целата песна е за него“, на него се однесува само тој стих, а останатиот дел од песната се однесува на двајца други, сè уште неименувани мажи.
Во 1974 година, Сајмон по многу успешниот албум No Secrets го објавила новиот албум Hotcakes, кој веднаш станал хит. Стигнал до бр. 3 на Билборд 200, останал на топ-листата речиси осум месеци и имал златен тираж.
1975–1979: Продолжување на успехот Следните албуми на Карли Playing Possum (1975) и Another Passenger (1976) исто така биле добро прифатени од публиката. Во 1991 година, Ролинг Стоун албумот Playing Possum го ставил на 20-то место на нивната листа од 100 најдобри корици на албуми. По објавувањето на Playing Possom, Карли го издала нејзиниот прв албум со најголеми хитови, The Best of Carly Simon. Албумот станал Златен во рок од три недели од објавувањето, и станал најпродаван диск на Симон на сите времиња. Албумот, исто така, станал златен во Канада и петкратно-платинест во Австралија. мини|Сајмон и Тејлор на концерт, 1975 година Во 1977 година, Сајмон ја објавила песната „Nobody Does It Better“, тематска песна за филмот со Џејмс Бонд „Шпионот што ме сакаше“. Песната била меѓународен хит, се продала во милиони примероци седум последователни недели била на прво место на топ листата во САД. Песната била номинирана за песна на годината и најдобра женска поп вокална изведба на 20-тите годишни награди Греми. Во 2012 година, Ролинг Стоун оваа песна ја рангирал на трето место во конкуренција на сите тематски песни за Џејмс Бонд, додека Билборд ја рангирал на второ место. Во 2021 година, USA Today ја рангирала како најдобра песна за Џејмс Бонд.
Кариерата на Сајмон во 1978 година продолжила со својот нагорен тек со објавувањето на албумот Boys in the Trees. Албумот постигнал голем успех и имал платинест тираж во САД . За песната „You Belong to Me“ Карли била уште еднаш номинирана за најдобра женска поп вокална изведба на Греми наградите, а албумот победил во категоријата Најдобар пакет-албум. Карли, истата година, се појавила на насловните страници на списанијата People и Rolling Stone. алт=Simon smiling b&w|лево|мини| Фотографија за публицитет од 1978 година Во 1979 година, Карли Сајмон го издала нејзиниот осми студиски албум: Spy. Продажбата на албумот била катастрофална, се искачил до 45-то место на Билборд 200, а тоа бил нејзин последен албум за Elektra. Песната „Vengeance“ на Сајмон ѝ донела номинација за најдобра женска рок вокална изведба на 21-те годишни Греми награди — ова било прва година да се доделува награда во таа категорија.
1980-1989: Потпишување со Warner Bros и Arista и нови успеси Во 1980 година, Сајмон потпишала договор со сестринската издавачка куќа на Elektra, Warner Bros. Records и го издала нејзиниот деветти студиски албум: Come Upstairs. За време на концерт во Питсбург за промоција на албумот, Сајмон колабирала на сцената од исцрпеност. Затоа во текот на 1980-тите го намалила бројот на концерти. Најуспешна песна од тој албум била „Jesse“ која се продала во преку еден милион примероци во САД, се искачила на 11-то место на табелата за поп-синглови на Билборд и таму останала шест месеци.
Десетиот албум на Сајмон, Torch (1981), бил албум со меланхолични џез песни. Го достигнал 50-тото место на Билборд 200, но останал на топ листите речиси шест месеци, а подоцна станал еден од нејзините најпродавани каталошки албуми. Албумот бил добро прифатен од критиката. Исто така, во 1981 година, Сајмон била втора солистка која била прикажана на првиот ден од емитувањето на MTV со видео-спотот за „Vengeance“ (Пет Бенатар била првата солистка која се појавила на MTV).
Во 1983 година, Сајмон го издала својот 12-ти албум, Hello Big Man. Иако слабо се продавал, албумот добил позитивни критики. Во 1984 година, ѝ завршил договорот со Ворнер Брос. Во 1985 година, Карли потпишала со Epic Records и го издала нејзиниот 13-ти албум, Spoiled Girl. Албумот наишол на мешана критика и бил комерцијално неуспешен. По ова, нејзиниот договор со Epic бил откажан.
Во 1986 година, Сајмон потпишала со Arista Records и набрзо го надминала падот на нејзината кариера. Со нејзиниот прв албум за Arista, Coming Around Again (1987), Сајмон имала уште еден меѓународен хит. Тоа била песната Coming Around Again (која била напишана за филмот од Мајк Николс од 1986 година Heartburn). Критичката исто така била претежно позитивна.