Wolfenstein: The New Order () — пукачка игра од прво лице развиена од шведската компанија MachineGames и објавена од Bethesda Softworks во 2014 г. на платформите Windows, PlayStation 3, PlayStation 4, Xbox 360 и Xbox One. Дел е од серијата компјутерски игри Wolfenstein. Настаните во The New Order се случуваат во алтернативен универзум во кој Нацистичка Германија, откако направила технолошки скок, успеала да победи во Втората светска војна. Играта започнува во 1946 г., кога главниот лик, капетанот Вилијам „Би-Џеј“ Блазковиц, се здобива со повреда на главата за време на напад над германска крепост. По 14 години поминати во вегетативна состојба, јунакот се вразумува во 1960 г. и гледа дистописки свет строго управуван од нацистичкиот режим. Играта е пукачка од прво лице во која играчот мора да се бори со нацистички војници и роботи на различни места низ светот.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Пукачки игри од прво лице Категорија:Игри за PlayStation 3 Категорија:Игри за Windows Категорија:Wolfenstein Категорија:Видеоигри од 2014 година Категорија:Игри за PlayStation 4 Категорија:Игри за Xbox One Категорија:Игри за Xbox 360