десно|мини|250x250пкс| Ќебапчиња во лепиња Лепиња — вид тенок тркалезен леб. Дел е од гастро-културата на многу народи што живеат покрај бреговите на Источното Средоземје и во внатрешноста на Балканот.

Во различни земји од овој дел на светот има варијации во подготовката на лепињата, но и во името на овие мали округли лепчиња. Покрај лепиња (во Македонија, Србија) и сомун (во Босна), тие се познати и како пиде (во Турција), пита (во Грција) или пита леб (Pita bread — во поголемиот дел од англиското говорно подрачје; pita на американски англиски, или pitta на британски англиски), манкуша (مناقيش — во Либан) или либански леб (ширум светот), шами (во Египет) итн.

Лепињите се прават од киснато тесто, како и повеќето лебови. Сепак, во самата постапка на правење тесто за лепиња, специфично е тестото да нарасне трипати, па структурата на ова печиво е воздушна, лесна и идеална како основа за вкусен оброк „на пат“. Ефектот на воздушната внатрешност на лепињата може да се подобри со употреба на адитиви како прашок за печиво или сода бикарбона, кои помагаат тестото повеќе да се полни со воздух.

Историја На археолошко наоѓалиште во југоисточен Јордан, научниците пронашле јагленисани остатоци од тенки, тркалезни лебови, за кои било откриено дека се стари околу 14.500 години. Благодарение на ова откритие, археолозите дошле до заклучок дека лебот се правел дури 4.000 години пред номадските племиња да почнат да основаат постојани населби и да одгледуваат житарици. Овој леб го правеле ловци-собирачи од подрачјето на источното Средоземје. Веројатно бил бесквасен и донекаде сличен на пита-лебот, направен од диви житарици како јачмен, крупник (дива пченица) и овес, како и ризоми од папирус, мелени во брашно. Пред ова, најстарото откритие се сметал леб стар 9.100 години, откриен на археолошко наоѓалиште во Турција.

Поврзано Леб Погача Тортиља

Наводи

Категорија:Леб Категорија:Балканска кујна Категорија:Македонска кујна Категорија:Српска кујна Категорија:Босанска кујна