мини|Занесениот Дон Кихот чита витешки книги Вообразба () — способност на една личност спонтано да создава или намерно да изгради слики, идеи, претстави на предмети кои, во искуството на замислувачот, претходно не биле воочени во целост или воопшто не можат да се воспримат преку сетилата (како на пример, настани во историјата, наводната иднина, појави што не се воспримени или непостоечки светови, како што се натприродни ликови во бајките, митовите итн.). Оваа човечка способност да создава слики, идеи, претстави и да ракува со нив игра важна улога во умствените процеси како што се моделирање, планирање, творештво, игра, паметење и размислување.

Наводи

Надворешни врски

Imagination, Mental Imagery, Consciousness, and Cognition: Scientific, Philosophical and Historical Approaches Two-Factor Imagination Scale at the Open Directory Project

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Спознавање Категорија:Вообразба