Пет ноќи кај Фреди () — американски натприроден филм на ужасите во режија и сценарио на Ема Тами во соавторство на Скот Котон и Сет Кадбек, врз основа на серијата видеоигри Five Nights at Freddy’s создадена од Скот Котон. Главните улоги ги толкуваат Џош Хачерсон, Елизабет Лејл, Пајпер Рубио, Мери Стјуарт Мастерсон и Метју Лилард.
Содржина Мајк Шмит (го глуми Џош Хачерсон) е млад човек што се грижи за својата 10-годишна сестра Аби (Пајпер Рубио). Неодамна отпуштен и очаен за работа, Мајк се согласува да заземе должност како ноќен чувар во еден напуштен тематски ресторан: Пицеријата на Фреди Фазбер. Но Мајк наскоро открива дека ништо во ресторанот не е како што изгледа. Четирите аниматроници — Фреди Фазбер, Бони, Чика и Фокси — можат да се движат низ ноќта и да имаат неизгаслива желба за убивање. Со помош на Ванеса, месна полицајка (Елизабет Лејл), ноќите на Мајк кај Фреди ќе го доведат до необјаснети средби со натприродното и ќе го вовлечат во црното срце на неискажливиот кошмар.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови Категорија:Филмови од 2023 година Категорија:Натприродно Категорија:Ужаси Категорија:Хорор-филмови