Сајлент Хил: Откровение () — филм на ужасите на Мајкл Џеј Басет, продолжение на трилерот од 2006 г. „Сајлент Хил“ со Рада Мичел и Џодел Ферланд во главните улоги. Сценариото на филмот е засновано на заплетот на компјутерската игра Silent Hill 3. Премиерата се одржала во САД на 26 октомври 2012 г. Режисерот и сценаристот на претходниот филм не учествувале во производството на продолжението. Снимањето се одвивало од март до мај 2011 г. во Торонто. Басет отстапил од заплетот на играта и првиот филм, градејќи ја приказната на начин што го оставил вториот филм во голема мера самостоен. Содржина Хедер Мејсон и нејзиниот татко се во бегство, секогаш чекор понапред од опасните сили што таа не ги разбира целосно. Во пресрет на нејзиниот 18-ти роденден, ја прогонуваат ужасни кошмари, нејзиниот татко исчезнува, а Хедер открива дека не знае сѐ за себе. Откровението ја води подлабоко во ѓаволскиот свет што се заканува да ја зароби засекогаш.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови Категорија:Филмови од 2012 година Категорија:Ужаси Категорија:Хорор-филмови Категорија:Сајлент Хил (серија филмови) Категорија:Филмски продолженија