На крајот на универзумот (, буквално: Хоризонтот на настани) — американски научнофантастичен филм на ужасите од 1997 г. во режија на Пол В. С. Андерсон. Главните улоги ги толкуваат Лоренс Фишберн, Сем Нил, Кетлин Квинлан и Џоели Ричардсон. Заплетот на филмот се одвива во 2047 г. и ја раскажува приказната за група астронаути испратени во спасувачка мисија за исчезнатиот вселенски брод „Хоризонтот на настани“, кој подоцна ненадејно се појавува во орбитата на Нептун. Додека го истражуваат бродот, спасувачката екипа дознава дека тоа било тајно испитувачко место за опитен високотехнолошки мотор што создавал дупка во просторно-временскиот континуум и го напуштил познатиот универзум, а потоа се вратил назад, меѓутоа сега преземен од злобно суштество.

Содржина Во годината 2047, помошен сигнал е примен од „Хоризонтот на настани“, ѕвезден брод што исчезнал за време на неговото прво патување до Проксима Кентаур седум години претходно. Бродот повторно таинствено се појавува во распаѓачка орбита околу Нептун, а спасувачкиот брод „Луис и Кларк“ е испратен да истражува.

Наводи

Надворешни врски

Script of the movie on Scripts.com

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови Категорија:Филмови од 1997 година Категорија:Ужаси Категорија:Американски филмови Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Paramount Pictures