Патека Клермон-Феран () — тркачка патека што се наоѓа во близина на градот Клермон-Феран (Оверњ, Франција), седиштето на Мишлен. Позната е и како „Патека на планината Оверњ“ (Circuit de Montagne d'Auvergne), „Патека Шарад“ (Charade Circuit), „Патека Луј Розје“ (Circuit Louis Rosier).
Историја Патеката била изградена во 1958 година и била домаќин на 4 Голема награда на Франција од 1965 до 1972 година. Натпреварувањата во Формула 1 биле прекинати по тешката несреќа на Гран прито во 1972 година, кога австрискиот возач Хелмут Марко го загубил окото во несреќа. Патеката потоа била домаќин на јуниорски тркачки серии и трки со мотоцикли, но и тие биле прекинати во 1988 година поради безбедносни причини. Оттогаш се користи само кратката верзија на патеката (3,8 км).
Конфигурација на патеката Патеката Клермон-Феран, расположена во планините Оверњ на падината на изгаснат вулкан, се одликува со сложен профил, голем број затворени опасни кривини и висински промени. Природата на патеката се споредува со Нирбургринг Нордшлајф. Патеката може да се класифицира како бавна (единствената права делница е долга само 900 метри), со приближна просечна брзина од околу 160 км/ч по круг. Верзија Должина (м) Голема награда Квалификациски најбрз круг Најбрз круг на трка 1965 8.055 4 (1965, 1969, 1970, 1972) 2:53.4/167,231 km/h (1972, Крис Ејмон) 2:53.9/166,800 km/h (1972, Крис Ејмон)
Победници на Француската голема награда на патеката Клермон-Феран Сезона # Пилот Конструктор Резултати 22 Џеки Стјуарт Тајрел-Форд 20 Јохен Ринт Лотус-Форд 19 Џеки Стјуарт Матра-Форд 15 Џим Кларк Лотус-Климакс
Надворешни врски Official site Official association site to save circuit
Satellite picture by Google Maps (present layout; zoom out to see the old circuit)
Категорија:Патеки на Формула 1 Категорија:Голема награда на Франција