Кељ (Brassica oleracea var. sabauda L.) — подвид на растителниот вид Brassica oleracea. Кељот е зимски зеленчук и една од неколкуте сорти зелка. Има збрчкани, смарагдно зелени лисја, кои се крцкави со малку еластична конзистентност на непцето.
На англиски јазик се нарекува „савојска зелка“ по регионот Савоја во Франција, а на француски јазик се нарекува миланска зелка () или ломбардиска зелка (), по Милано и неговиот регион Ломбардија во Италија. Познати сорти вклучуваат „Savoy King“ (во САД), „Tundra“ (зелена со цврсто, тркалезно срце) и „Winter King“ (со темни стуткани лисја).
Употреба лево|мини| Долниот епидерм на листот лево|мини|Горниот епидерм на листот Кељот ја задржува цврстата текстура при готвењето. Има ист вкус и изглед како обичната зелка кога се готви, но ја задржува цврстата текстура што е посакувано во некои рецепти. Кељот може да се користи во различни рецепти. Добро се комбинира со црвено вино, јаболка, зачини, рен и месо. Може да се користи за ролати, во чорби и супи, како што е боршчот, како и печен и прелиен со маслиново масло. Може да се користи за подготовка на кимчи или на расол и со силни и необични зачини како смрека.
Знаците на посакуваниот квалитет вклучуваат главица која е тешка за нејзината големина со лисја кои се беспрекорни и имаат светол, свеж изглед. Врвната сезона за повеќето зелки на северната полутопка трае од ноември до април.
Целата свежа зелка се чува во фрижидер една до шест недели во зависност од видот и сортата. Цврстите зелени, бели или црвени зелки ќе се задржат најдолго, додека послободните, кељот и кинеските сорти како што е кинеското зелје треба да се трошат побрзо. Неопходно е да се чуваат надворешните листови непроменети без миење при складирање бидејќи влагата го забрзува распаѓањето.
Кељот може да биде тежок за одгледување бидејќи е ранлив на гасеници, гулаби и болест на коренот на клубенот. Најдобро успева на сонце и е отпорен на зимата, ги поднесува студот, мразот и снегот.
Исхрана Суровиот кељ е 91% вода, 6% јаглехидрати, 2% белковини и содржи занемарливи масти (табела). Во референтна количина од 100 грама, обезбедува 27 калории и е богат извор (20% или повеќе од дневната вредност, ДВ) на витамин К (66% ДВ), витамин Ц (37% ДВ) и фолати (20% ДВ), со умерена количина на витамин Б6 (15% ДВ). Нема други микрохранливи материи во значителна содржина (табела).
Наводи
Надворешни врски
Brassica oleracea var. sabauda L., Tropicos.org, Missouri Botanical Garden
Категорија:Лиснат зеленчук Категорија:Зелки