Аугшдаугава (, „Горна Даугава“) — општина во југоисточна Латвија. Го опкружува независниот град Даугавпилс, во кој е сместена општинската управа иако самиот не е дел од неа. Основана е со административната реформа во 2021 г.
Географија мини|Поглед на даугава од видиковската кула источно од Даугавпилс. мини|Скулптурата „Сончоглед“ која ја бележи најјужната точка на Латвија во жупата Демене. мини|Големиот ницгалски камен во жупата Ницгале. Општината зафаќа површина од . Сместена е во југозападниот дел на областа Латгалија во источна Латвија и од сите страни го опкружува градот Даугавпилс. Се граничи со општините Јекабпилс на северозапад, Ливани на север, Преиљи на североисток и Краслава на исток. Воедно се граничи со Паневешкиот и Утенскиот округ во Литванија на запад и југозапад, и Витепската област во Белорусија на југоисток. Најјужната точка на Латвија се наоѓа во жупата Демене на границата во Литванија, и е обележана со скулптура.
Областа Аугшземе (со значење „возвишение“) се протега во јужно-средишниот дел на општината и претставува заштитен предел со површина од . Во неа се езерата Свенте и Медуми. На ова подрачје е и Егљукалнс, највисоката точка на општината со висина од 220,6 м.н.в. и има скијачки центар.
Во општината тече реката Даугава доаѓајќи од исток, а потоа свртува кон Даугавпилс. Долината на Даугава источно од градот е заштитен предел кој навлегува и во општината Краслава.
Во северниот дел на општината Аугшдаугава има трет заштитен предел — Ницгалската Шума во жупата Ницгале. На источната граница стои Големиот ницгалски камен, најголемиот од камените балвани во Латвија со зафатнина од .
Историја Општината Аугшдаугава територијално се совпаѓа со поранешниот округ Даугавпилс (1967-2009). Со реформата од 2009 г. округот е укинат и поделен на општините Даугавпилс и Илуксте. Во 2020 г. парламентот одобрил административна реформа со која бројот на општини се намалува од 119 на 42. Тогаш општината Аугшдаугава е создадена со спојување на дотогашните општини Даугавпилс и Илуксте.
Административна поделба мини|Бебренскиот дворец во жупата Бебрене. Општината има 15 советници. Граѓанската заштита, образованието и комуналиите се заедничка надлежност на општината и градот Даугавпилс.
Општината е поделена на две паланки и 25 жупи:
Паланки Илуксте Субате Жупи Амбељи Бебрене Биќерниеки Ваболе Вецсалиена Вишќи Двиете Демене Дубна Еглајне Калкуне Калупе Лауцеса Ликсна Маљинова Медуми Наујене Ницгале Пилскалне Проде Салиена Свенте Скрудалиена Таборе Шедере
Население Во 2021 г. општината броела 25.927 жители. Ова претставува пад од 39 % во однос на 42.483 жители во 2000 г. и пад за 22 % во однос на 33.222 жители во 2011 г.
Истата година Илуксте имало 2.169, а Субате имало 596 жители.
Стопанство и инфраструктура Аугшдаугава е претежно земјоделска општина: во 2005 г. 71 % од површината на тогашниот округ Даугава биле наменети за земјоделство, претежно одгледување на житарки и говеда. Општината ја опслужуваат следниве државниот автопати: A6, кој го поврзува Даугавпилс со Јекабпилс и Рига на северозапад, како и Краслава и белоруската граница на исток; A13, кој се протега од литванската граница југозападно од Даугавпилс, минува низ градот и оди преку Резекне до руската граница североисточно од Карсава и A14, западна обиколница на Даугавпилс. Низ општината проаѓаат и гасоводот Рига-Даугавпилс, како и делницата Унеча–Полоцк–Вентспилс од поранешниот нафтовод „Дружба“. Меѓународниот аеродром Даугавпилс се наоѓа во Лоцики, североисточно од Даугавпилс.
Наводи
Надворешни врски
Портал на Општина Аугшдаугава
Аугшдаугава Категорија:Општини во Латвија Категорија:Држави и територии настанати во 2021 година