Пустина Холистан или Чолистан (; пенџапски:), месно познат и како Рохи( ) ― пустина во јужниот дел на Пенџаб, Пакистан која е дел од поголемата пустина Тар, која се протега до покраината Синд и индиската држава Раџастан. Тоа е една од двете големи пустини во Пенџаб, а другата е пустината Тал. Името е изведено од туркискиот збор „хол“, што значи „песоци“ и „истан“, персиска наставка што значи „земја на“.
Холистан бил средиште за караванска трговија, што довело до изградба на бројни тврдини во средновековниот период за заштита на трговските патишта од кои тврдината Деравар е најдобро зачуваниот пример.
Географија Чолистан зафаќа површина од 25 800 км2 во областите Бахавалпур, Бахавалнагар и Рахим Јар Кан во јужен Пенџаб. Најблискиот голем град е градот Бахавалпур, 30 км од работ на пустината. Пустината се протега во должина од околу 480 километри, а ширината варира помеѓу 32 и 192 километри. Се наоѓа од 27°42'00 до 29° 45'00 северно и 69°57' 30 до 72° 52' 30 источно.Malik, Sher Muhammad; Fazlur-Rahman; Ali, Amjad (2017) : Sustainability of subsistence livelihoods of agro-pastoralists in changing socioeconomic environment of Cholistan desert-Pakistan, Pakistan Journal of Commerce and Social Sciences (PJCSS), ISSN 2309-8619, Johar Education Society, Pakistan (JESPK), Lahore, Vol. 11, Iss. 3, pp. 1100-1133. 81% од пустината е песочна, додека 19% се одликува со алувијални рамнини и мали песочни дини. Целиот регион е подложен на опустинување поради сиромашната вегетациска покривка што резултира со еолска ерозија.
Клима Климата во Холистан се одликува како сува и полусува тропска пустина со многу ниска годишна влажност.Wariss, Hafiz Muhammad, Muhammad Mahmood Mukhtar, Shazia Anjum, Ghulam Raza Bhatti, Saeed Ahmad Pirzada and Khurshid Alam. “Floristic Composition of the Plants of the Cholistan Desert, Pakistan.” (2013). Просечната температура во Холистан е , а најтопол месец е јули со просечна температура од . Летните температури можат да надминат , а понекогаш се зголемуваат над за време на периоди на суша. Зимските температури повремено се спуштаат до . Просечните врнежи во Холистан се до 180 мм, а јули и август се највлажните месеци, иако сушите се вообичаени. Водата се собира сезонски во системот на природни басени наречен тоба, или вештачки базени наречени кунд. Подземната вода се наоѓа на длабочина од 30–40 метри, но е најчесто соленкаста и несоодветна за повеќето растенија.
Галерија
Поврзано Кес
Наводи
Надворешни врски
За Холистан, Пакистан
Категорија:Холистан Категорија:Мотоспортски настани во Пакистан Категорија:Бахавалпур (округ)