Ѓерѓ Фишта (23 октомври 187130 декември 1940) бил албански францискански фратар, поет, просветител, политичар, преродбеник, преведувач и писател. Тој се смета за еден од највлијателните албански писатели на 20-от век поради неговото ремек-дело Горска гусла (Lahuta e Malcís) и уредник на две од најавторитетните списанија по независноста на Албанија, Posta e Shypniës и Hylli i Dritës.
Претседавал со Битолскиот конгрес, на кој била стандардизирана албанската азбука, и бил дел од албанската делегација на Версајската конференција, 1919. Во 1921 година бил член и станал заменик претседател на албанскиот парламент, а подоцна во 20-тите и 30-тите тој бил меѓу највлијателните културни и литературни фигури во Албанија. По доаѓањето на комунистичкиот режим на власт, неговиот книжевен опус бил изваден од оптек и така останал до падот на комунизмот.
Наводи
Категорија:Албанска преродба Категорија:Албански писатели