„Песни“ — поетска збирка за деца на хрватскиот поет Григор Витез. Книгата е објавена во 1990 година, како заедничко издание на издавачките куќи Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост. Таа служела како задолжителна лектира за шесто одделение во основните училишта на СР Македонија. Изборот на песните го направила Тамара Арсовска, а песните ги препеале: Тамара Арсовска, Михо Атанасовски, Васил Куноски, Видое Подгорец, Глигор Поповски и Ацо Шопов. Цртежот на корицата и илустрациите во книгата се дело на Бисерка Перовска. Книгата, со обем од 105 страници и со димензии од 20 сантиметри, била испечатена во ГИП „Гоце Делчев“ во Скопје. Таа е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, Скопје.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990.

Содржина Збирката содржи 99 песни:Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990.

Како растат децата Непослушни нешта Се расчуло Прсти Две раце Шивачка Кутрото братче Плачко Лекарот препорачува Моливче, моливче Писмо За тројца Желба за мама На мајчиниот ден Дива ружа Три морски волка Што прави, што прави... Заборавенко Жетва Синоличка Незнаено сино цвете Што шуми школката Телеграма од ластовичките Стонога Се карале глувците Верверичина приспивна песна Мечешка приспивна песна Шаткина приспивна песна Слонова приспивна песна Што сонува лавот Гатанки (Белец и потковица, Сијалица, Зелен пламен, Чун, Брош, Греда, Штрк на покривот, Слатка зима, Две птици, Камен) Каде ќе сееме смеа Априлилили Риба за вечера Рампинија Глувче Страв Мачор на покривот Багдадска приказна Песна на безделникот Мишо ги пребарува своите џебови Стол и клупа А зошто да не може... Што се случи Сто волци Сомот и ракот Чуден бунт Тешка болест А кај нас... Рибару, рибару! Како живее Антунтун Името на царевата птица Палавостите на пролетниот ветер Кога би оделе дрвјата Отвори ѝ прозорец на пролетта Летен ветер Добро утро Кога паѓаат ѕвездите Приказна за месечината Момче во болница Ливадата се подновила Најубав брод Зевалка Каква боја има потокот? Морето и боите Зошто служи небото Најубавата боја Тргнал дедо Петар Пролетен дожд Од што се направени темјанушките Сончевиот залез Светулка Утринска песна на чучулигата Врбова свирка Гитарата на есенскиот ветер Сликар Четворицата сликари и јаболкницата Кога зимата сака Ветрот ги брои лисјата Морска ѕвезда Липа и есен Мојот црн другар Славеј и болно дете Дај ми ја месечината, тате Држете го крадецот Ние децата Пред големиот празник Мај Марама црвена како крв Девојчето ѝ вели на пролетта Два збора Курирот и шумата Утрински разговор Споменикот на Хирошима Детска планета Новогодишни подароци Песна за сите деца на светот Кога ќе се раскажат сите приказни

Осврт кон делото Збирката се одликува со разнообразност во тематиката и во пораките: од обична, секојдневна игра и палавост, преку набљудување на природата и животот, до желби од универзален карактер. Притоа, поетот поставува многу прашања и ги кани читателите на размислување и откривање на светот и животот. Темите во неговите песни се секојдневни, обични и сите мотиви читателот може да ги доживее како свои, а во неговата поезија сè е разиграно и насмеано, исполнето со живот, со игра, со мечатаење и со хумор. Витез со многу љубов и со познавање зборува за особеностите на луѓето, во прв ред, за децата, и нуди воспитни пораки за пријателство, разбирање на другите, хуманост, другарство, трудољубивост, стремење кон доброто... Во неговиот поетски свет нема темни бои, црнила, страдања, тага и трагични мигови; напротив, песните дишат со оптимизам поздравувајќи го животот.Тамара Арсовска, „Светот на детството — светот на играта и фантазијата“, во: Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 97-98.

Наводи

Категорија:Дела на Григор Витез Категорија:Детска книжевност Категорија:Појавено во 1990 година во Македонија Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Изданија на Мисла Категорија:Изданија на Култура Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Изданија на Наша книга Категорија:Хрватска поезија