1783 Шпанија ја призна независноста на САД. 1882 Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата. 1923 Грција станува република. 1949 Во Скопје е основан Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, од 1953 г. наречен „Танец“. 1972 Велика Британија воспостави директна контрола во Северна Ирска за да ги спречи конфликтите на паравоените групи на римокатолиците и протестантите. 1976 Во Аргентина е извршен воен удар против претседателката Исабел Перон. 1980 Салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро е убиен од страна на десничарски терористи. 1990 Шри Ланка ја напуштија 2.000 индиски војници, последни од контигентот од 50.000, кои две и пол години безуспешно се обидуваа да помогнат во напорите за ставање крај на вооруженото востание на тамилските герилци против централните власти во Коломбо. 1993 Езер Вајцман е избран за седми претседател на Израел. 1997 Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17.05.1997 година - „Спасител '97“. 1997 Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија. 1999 Започна бомбардирањето на СР Југославија во воената операција „Сојузничка сила“ со која силите на НАТО алијансата ја протераа југословенската војска и полиција од територијата на српската покраина Косово. 1999 39 луѓе загинаа кога белгиски транспортен камион кој превезувал брашно и маргарин се запалил во тунелот Монблански тунел.
24 март