30 дена темнина () — американски филм на ужасите заснован на истоимената серија стрипови. Режисер на филмот е Дејвид Слејд, а главните улоги ги толкуваат Џош Хартнет, Мелиса Џорџ и Дени Хјустон. Дејството се одвива во мал град во Алјаска, кој на почетокот на 30-дневната поларна ноќ е нападнат од банда крвожедни вампири.
Филмот, со буџет од 30 милиони долари, бил прикажан на 19 октомври 2007 г. во САД и на 1 ноември во Обединетото Кралство. За шест недели од прикажувањето, трилерот заработил 75 милиони долари. На 5 октомври 2010 г., продолжението на филмот, „30 дена темнина: Мрачни времиња“, било објавено, а минисерија со наслов „30 дена темнина: Крвави траги“ била објавена во 2007 г. на FEARnet.com.
Содржина Ебен Олесон е шериф во градот Бароу во Алјаска и поминува низ тешки времиња со неговата сопруга Стела. Двајцата се на работ на развод по бројните несогласувања и Стела се подготвува да го напушти Бароу, пред почетокот на периодот од 30-дневната поларна ноќ во кои ќе бидат прекинати сите врски со градот. Но поради сообраќајка таа не се качува во последниот авион и е принудена да го чека следниот, за 30 дена.
Истата вечер во градот почнуваат да се случуваат морничави работи. Сите кучиња се убиени, а таинствен странец се заканува дека „тие“ ќе дојдат и ќе ги убијат сите мештани на градот. Наскоро нападот навистина започнува и чудовишни убиства се случуваат на секој агол од градот. Додека Ебен сфаќа дека всушност се работи за вампири, со него ќе останат само Стела, неговиот помал брат Џејк и група од околу 10 други луѓе, кои се и единствените преживеани од градот. Во обид да најдат подобро засолниште, вампирите ги напаѓаат и убиваат еден по еден.
Преполовената група успева да стигне до 30-тиот ден, но кога Стела е во опасност, Ебен си вбризгува крв од друг вампир за да ја спаси. Џејк, Стела, Гејл Робинс (малото девојче што Стела го спасила) и уште 2 мештани на градот, Луси Ајкос и Дениз, остануваат единствените преживеани од колежот во Бароу, додека Ебен, на изгрејсонце, се претвора во пепел во рацете на Стела.
Наводи
Надворешни врски
Official multiplayer game for the film
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Ужаси