Никола Џеров (сретнуван и како Никола Ѓеров; во — во ) — бугарски поет, прозаист и публицист од македонска народност.

Животопис мини|200п| Живата легенда на Охрид, Никола Џеров

Џеров е син на преселници од Охрид што живеат во бегалскиот софиски четврт Јучбунар, па уште мал го усвоил македонскиот како домашен јазик. Ја завршил гимназијата и студиите по словенска филологија на Софискиот универзитет.

Во 1914-1915 година престојува во градот на неговите родители и пишува стихови на македонски јазик. Активно учествувал во Академското друштво „Бело Море“ во периодот 1914-1917. Во зачуваниот ракописен „Беломорски дневник“ (потпишан со псевдонимот Џеронимо) е забележана и песната „Откако те видоф“, што подоцна влегол со други три и во стихозбирката со негови стихови (и на македонски) „Охридска пролет. Спомени“ во 1923 година, а две од нив и во збирката со нотирани македонски песни од Јосиф Чешмеџиев во 1926 година.

Работел како редактор и член на Редакцијата на органот на Македонскиот младешки зговор, преименуван во Сојуз на македонските младешки културно-просветни организации во Бугарија „Устрем“ во периодот 1923-1926. Потоа бил член на редакцијата на легалниот орган на ВМРО „Македонија“ во периодот 1926-1928, но по убиството на Александар Протогеров, како револт „поради братоубиствата на Македонците што се разгореле во Бугарија“, ја напуштил редакцијата.

Објавувал книжевни и публицистички прилози во разни списанија и весници во Бугарија (и под псевдонимите Бојко и Македонец), како и преводи со повеќе антологии од француски, руски и германски поети.

Наводи

Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Бугарски поети Категорија:Бугарски прозаисти Категорија:Бугарски публицисти Категорија:Луѓе со потекло од Охрид