Игор (; ; – 945) бил кнез на Киев од 912 до 945. Традиционално, тој се смета за син на Рурик, кој се населил во Новгород и починал во 879 додека Игор бил дете. Според Примарниот летопис, Рурик бил наследен од Олег, кој владеел како регент и бил "од неговиот род".

Игор бил убиен додека собирал данок од Древљаните во 945 година. Вдовицата на Игор, Олга ја одмаздила неговата смрт казнувајќи ги Древљаните. Примарниот летопис како причина за неговото убиство ја наведува прекумерната алчност, бидејќи тој се обидел да собира данок по втор пат во еден месец. Како резултат на тоа, Олга го променила системот на собирање на даноци (пољудје), што може да се смета како прва правна реформа во Источна Европа.

Наводи

Категорија:Киевска Русија