Изоноја {од }, наречена и — повратна неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 2000 г. од екипа астрономи од Хавајскиот универзитет предводена од Скот Шепард, и ја добила привремената ознака .MPEC 2001-A28: S/2000 J 2, S/2000 J 3, S/2000 J 4, S/2000 J 5, S/2000 J 6 2001 јануари 5 г. (откривање и ефемерида)IAUC 7555: Satellites of Jupiter 2001 January 5 (discovery)

Има пречник од 4 км и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 23.833.000 км за 688,61 дена. Има наклон од 166° кон еклиптиката (169° кон Јупитеровиот екватор), повратна насока на движење и занос од 0,166.

Именувана е во октомври 2002 г. по Изоноја, една од Данаидите од старогрчката митологија и љубовница на Зевс (Јупитер).IAUC 7998: Satellites of Jupiter 2002 октомври 22 г. (именување на месечината)

Изоноја ѝ припаѓа на Кармината група, сочинета од неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојанија од 23 до 24 Гм и наклон од околу 165°.

Наводи

Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Кармина група Категорија:Неправилни месечини Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Откритија на Дејвид Џуит Категорија:Астрономски тела откриени во 2000 година Категорија:Месечини со повратна орбита