Повикување () — филм на ужасите во режија на Џејмс Ван, издаден во 2013 г. Филмот е заснован на два случаи од паранормалните иследници Ед и Лорејн Ворен: воведот е заснован на случајот со „опседнатата“ кукла Анабела, главниот дел од филмот е заснован на приказната за семејството Перон во 1971 г. Главните улоги ги толкуваат Вира Фармига и Патрик Вилсон. Премиерата се одржала во САД на 19 јули 2013 г.
Содржина Во раните 1970-ти, семејството Перон — Роџер (Рон Ливингстон), Керолин (Лили Тејлор) и нивните пет ќерки — се преселуваат во нов дом во селскиот предел на Род Ајленд. Набргу, тие почнуваат да наидуваат на чудни звуци и мириси, запрени часовници, трескачки врати и привиденија што демнат во мрачните агли.
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
__СОСОДРЖИНА____ИНДЕКС__ Категорија:Филмови од 2013 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови за вештерки