Калироја (), наречена и — неправилна надворешна месечини на Јупитер која се движи во повратна насока. Пронајдена е во 1990 г. во опсерваторијата Националната опсерваторија „Кит Пик“ според набљудувања направени од 6 октомври до 4 ноември 1999 г. и првично прогласена за астероид со ознаката .MPS 7418 (Minor Planet Circulars Supplement); not available on-line Забележана е како кружи околу Јупитер од Тим Спар на 18 јули 2000 г. и така добила ознака .MPEC 2000-Y16: S/1975 J 1 = S/2000 J 1, S/1999 J 1 2000-12-19 (откривање и ефемерида)

Име мини|лево|исправено|Движењето на Калироја снимено во однос на позадинските ѕвезди во јули 2000 г. Месечината е именувана во октомври 2002 г. по океанидата Калироја, ќерка на речниот бог Ахелој.IAUC 7998: Satellites of Jupiter 2002 October 22 (naming the moon)

Особености Калироја има привидна величина од 20,7, што ја прави уште послаба од џуџестата планета Ерида (18,7). Јупитер е 2,5 милијарди пати посјаен од Калироја.(привидна величина|5-ти корен од 100)^(20,7-(-2,8))=2,51 милијарди

Месечината има пречник од 9,6 км и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 24,1 милиони километри за 747,09 дена Има наклон од 141° кон еклиптиката (140° кон Јупитеровиот екватор) и занос од 0,28. Ова тело веројатно е зафатено доста одамна од хелиоцентрична орбита, и гравитациското влијание на Сонцето ја прави орбитата мошне непредвидлива.

Ѝ припаѓа на Пасифаината група на неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,1 милиони километри со наклони од 144,5° до 158,3°. Меѓутоа, додека Пасифаја е сива (B−V=0,74, V−R=0,38, V−I=0,74) по боја, Калироја е светлоцрвена (B−V=0,72, V−R=0,50, V−I=1,02) и послична на Мегаклита.

Истражување мини|лево|исправено|Калироја сликана од инструментот LORRI на леталото „Нови Хоризонти“. Вселенското летало „Нови хоризонти“ направило слики од Калироја на 10 јануари 2007 г.

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Откриена 17-тата месечина на Јупитер Спејсвоч S/1999 J 1 Слика од откритието на Спејсвоч

Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Пасифаина група Категорија:Неправилни месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 1999 година Категорија:Месечини со повратна орбита