Шабан Џемали ( во ) — македонски правник.

Животопис

Бил учесник во НОБ од 1942 година како заднински активист, помошник-командант на Командата на местото; член на Комунистичката партија на Македонија од 1944 година.

По Ослободувањето ја завршил Вишата управна школа и бил претседател на Градскиот народен одбор (1944-1947), член на Околискиот комитет на СКМ, член на Општинскиот комитет на СКМ, потпретседател, а потоа претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ и секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Дебар.

Бил член на Одборот за општествено-економски односи на Републичкиот совет и пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ во 1970 година.

Наводи

Категорија:Македонски општественици Категорија:Правници од Дебар Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски правници Категорија:Југословенски општественици