Света Недела — главна селска црква во кумановското село Зубовце, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа на возвишението Крст, западно од селото.
Историја
По Првата светска војна, на возвишението Крст била подигната црквичката „Св. Ѓорѓи“, која денес не постои и таму се наоѓа денешната црква.
Во 2010 година, дел од покривот на црквата бил запален, при што иконите и инвентарот на црквата биле опожарени.
Храмот бил осветен на 19 јули 2015 година од страна на митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата поседува делумен фрескоживопис по страничните ѕидови на црквата.
Иконостас
Во црквата постои иконостас.
Галерија
Поврзано Кумановско-осоговска епархија Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Орашачка парохија
Наводи
Надворешни врски
Зубовце