Хајнрих Харер (; Австроунгарија, 6 јули 1912 — Австрија, 7 јануари 2006) — австриски истражувач, планинар и писател, обершарфирер на СС, наставник и пријател од детството на 14-тиот далај-лама. Тој станал широко познат благодарение на книгата со мемоари за патувањето на Тибет, „Седум години на Тибет“, и истоимениот филм од 1997 г., каде што улогата на Х. Харер ја играл Бред Пит.

Ран живот Хајнрих Харер е роден на 6 јули 1912 г. во Хутенберг, Австрија, во округот Санкт Вајт ан дер Глан во покраината Корушка. Неговиот татко, Јозеф Харер, бил поштенски службеник. Од 1933 до 1938 г., Харер студирал географија и спорт на Грацкиот универзитет Карл-Франц. Харер станал член на традиционалната студентска корпорација АТВ Грац.

Во 1935 г., Харер бил назначен да учествува на натпреварот во алпско скијање на Зимските олимписки игри од 1936 г. во Гармиш-Партенкирхен. Австриската екипа за алпско скијање, меѓутоа, го бојкотирала настанот поради судир во врска со статусот на учителите по скијање како професионалци. Како последица на тоа, Харер не учествувал.

Во 1937 г., Харер победил во спуст на Светското студентско првенство во Цел ам Зе.

Наводи

Надворешни врски

Мрежно место на Хајнрих Харер

Преглед на книгата „Седум години во Тибет“

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Родени на 6 јули Категорија:Родени во 1912 година Категорија:Починати на 7 јануари Категорија:Починати во 2006 година Категорија:Носители на Заповедничкиот крст на Орденот за заслуги за СР Германија Категорија:Австриски истражувачи Категорија:Австриски писатели Категорија:Членови на НСДАП Категорија:Планинари