Александар I Батенберг (бугарски: Александър Йозеф Батенберг (5 април 1857 - 23 октомври 1893) — прв нововековен кнез на Бугарија. Во 1879 година во Трново бил донесен устав и било одлучено да се забрза изборот за суверен кнез. Имало повеќе кандидати, а меѓу нив бил и принцот Валдемар, син на данскиот крал Кристијан IX и брат на грчкиот крал Георги I. Меѓутоа, претставниците на Руското царство влијалеле врз Бугарите да ја прифатат кандидатурата на германскиот офицер, принцот Александар од Батенберг, кој бил роднина на руската царица Марија, жена на Александар II Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996.

Александар I немал политичко образование и имал антилиберални погледи. Имајќи ја подржката на руските војници и службеници кој биле во служба на Бугарија, се судрил со Народното собрание. Кон крајот на 1879 година, Бугарското собрание било распуштено, меѓутоа во 1880 година повторно либералите имале мнозинство во собранието. Во 1881 година, Александар I организирал државен удар и формирал конзервативна влада на чело со двајца руски генерали: Собољев и Каулбарас. Во собранието сите претставници се обединиле против владата и во септември 1883 година руските генерали поднеле оставка.

За да ја сочува својата круна, Александар I дозволил да се формира една либерално-конезравтивна влада, а за да се опрвада пред бугарската јавност истакнал дека тој не е виновен за државниот удар од 1881 година, туку дека тој бил кренат по барање на рускиот цар Александар III. Бугарскиот кнез не се мешал во работата на владата, а на бугарското собрание му дозволил само да ги донесува законите.

Во 1885 година, било објавено обединувањето на Кнежевството Бугарија и Источна Румелија, меѓутоа големите сили и Руското царство се спротивставиле на обединувањето на бугарските земји, бидејќи тоа претставувало кршење на одлуките од Берлинскиот конгрес. Европските дипломати организирале конференција за ова прашање, меѓутоа обединувањето на Бугарија било официјализирано кога Александар I Батенберг се прогласил за кнез на северна и јужна Бугарија. Александар I Батенберг со оваа одлука, врз себе го навлекол бесот на рускиот цар Александар III кој им наредил на сите Руси - цивили и војници да ја напуштат бугарската територија.

Обединувањето на Бугарија ги раздвижило српските владеачки кругови во Белград. Во Српското Кралство заваладеала воена атмосфера. Српскиот крал Милан Обреновиќ побарал територијална компезација за Србија која требало да биде еднаква на бугарското обединување. Александар I Батенберг за да ја спречи војната, започнал дирекна коресподенција со Милан Обреновиќ, меѓутоа српскиот крал ги одбил сите предлози. Милан Обреновиќ го искористи заминувањето на Русите, објавувајќи и војна на Бугарија. Во самиот почетокот Српско-бугарската војна, Александар I ја презел командата над бугарската војска, а во ноември 1885 година се одиграла одлучувачката битка кај Сливница. Во 1886 година, бил потпишан Букурешкиот мировен договор со кој Српското Кралство не изгубило територија, но никој повеќе не го оспорил обединувањето на Бугарија.

По војната, бугарскиот политички живот бил поделен на два табори: радикали и либерали. Радикалите го поддржувале принципот на национална независност и се спротивставувале на какво било надворешно влијание во Бугарија, а либералите биле поддржувани од Руското царство и сакале да ги сочуваат бугарските привилигирани врски со Санкт Петербург. Либералите на чело со Занков започнале силна активност за дестабилизирање на положбата на Александар I и бугарската влада составена од радикали. Во август 1886 година, проруските сили извршиле државен удар. Александар I бил извлечен ос војот кревет на спиење и бил принуден да ја напушти Бугарија, а заговорниците на власт го довеле Занков.

Меѓутоа, државниот удар бил неуспешен, бугарските националисти организирале контрареволуција, а Стефан Стамболов го повикал Александар I да се врати во Бугарија. Враќањето на Александар I Батенберг ја усложниле политичката ситуацијата. Рускиот цар Александар III бил спремен да ја прифати контрареволуцијата и нејзините раководители, но не сакал да слушне за Александар I . За да се излезе од таквата состојба, во септември 1886 година, Александар I Батенберг абдицирал и засекогаш ја напуштил Бугарија.

По напуштањето на Бугарската држава, Александар започнал нова воена кариера и станал генерал во австроунгарската војска. По абдикацијата се оженил со Јохана Лојзингер со која имал две деца. Својот единствен син го крстил Крум-Асен во спомен на бугарските владетели од средниот век. Најверојатно ова име било избрано бидејќи Александар се надевал дека ќе се врати во Бугарија, но неговиот син, Крум-Асен фон Хартенау немал потомство . Потекло Роден е на 5 април 1857 година во Верона, Италија. Неговото целосно име е принц Александар Јозеф фон Батенберг (германски: Prinz Alexander Joseph von Battenberg). Александар бил втор син на германскиот принц Александар фон Хесен-Дармштат и полската графиња Јулија Фон Хауке, руска дама. Нивните потомците се нарекуваат "Фон Батенберг" (според еден имот во Хесен), бидејќи рускиот владетел Александар II бил против тој брак.

Александар Батенберг бил германски аристократ, чие семејство има роднински врски со англиското кралско семејство и со рускиот императорски двор. Кнез Александар е внук на руската царица Марија Александрова (сестра на татко му), тој е прв братучед е на императорот Александар III и е чичко на последната руска царица - Александра, која е ќерка на неговиот прв братучед Лудвиг IV Хесенски.

Братот на Александар Батенберг, Хајнрих, е оженет за најмалата ќерка на Кралицата Викторија - принцезата Беатрис. Другите двајца негови браќа - Лудвиг и Франц Јосиф, се женети за внуките на британската кралица - принцезите Викторија Хесенска и Елена Петровиќ-Негошина. Александар бил чичко на шпанската кралица Викторија Евгенија, на шведската кралица Луиз и сопругот на британска кралица, единбуршкиот војвода Филип, кој е син на внука на Александар I Батенберг - принцезата Алис Батенберг.

Воена кариера мини|Великиот кнез Сергеј Александрович, принцот Александар Батенберг и полковник Скариалин во село Пордим, за време на руско-турската војна. Се стекнал со воено образование и служел како помлад поручник во Лејбдрагунски хесенски полк. На 20 годишна возраст, младиот принц Александар фон Батенберг добил дозвола од царот Александар II да стапи во Руската армија. По започнувањето на Руско-турската војна во 1877 година, служел во Лејбгвардејскиот улански полк и достојно се држел за време на походот под команда на генерал-полковник Јосиф Гурко во Јужна Бугарија. Бил награден со "Георгиевски крст" IV степен на 18 јули (стар стил 1877 година. По краткиот престој во Санкт Петербург, повторно се вратил во Бугарија, каде што учествувал во завршните операции на војната.

Владетел на Бугарија Избор за бугарски кнез Уште во текот на Руско-турската војна било формирана привремена руска управа за бугарските заемји. Во мај 1878 година, за руски царски комесар во Бугарија бил назначен кнезот Александар Дондуков со мандат од две години, меѓутоа Берлинскиот конгрес му го намил мандатот на 9 месеци. Привремената руска управа го подготвила основачкото собрание на кое учествувале 229 пратеници (поголемиот дел од нив биле избраните од народот), на кое бил изработен бугарскиот устав. На 16 април 1879 година е усвоен главниот закон според кој Бугарија била прогласена за уставна монархија со еднодомен парламент и право на глас на сите мажи со наполнети 21 година. Според уставот, кнезот бил командант на бугарската војска и му припаѓа извршната власт.

На 17 април 1879 година било свикано Првото големо бугарско народно собрание, и по предлог на рускиот цар за бугарски кнез бил избран принцот Александар Батенберг , под името кнез Александар I. Поради притисокот на "големите сили" волјата на пратениците била ограничена . На 26 јуни 1879 година, кнез Батенберг положил свечена заклетва во читалиштето "Надеж" во Трново, каде се родил бугарскиот слоган: "Соединувањето ја прави силата". По заклетвата, Александар I наградил 200 луѓе http://www.duma.bg/cgi-bin/e-cms/vis/vis.pl?s=001&p=0002&n=753&g=http://calendar.dir.bg/inner.php?d=5&month=4&year=2010&cid=0&sid=&eid=10768.

Режим на полномоштва (1881-1883) мини|лево|150п|Портрет на Александар I Батенбергмини|десно|300п|Палатата на Батенберг во Софија Уште во самиот почеток на своето владеење, Александар I не го одобрувал Трновскиот устав. Сметал дека уставот ги ограничува неговите права и обезбедува непотребно широки граѓански права. Природно бил против бугарската либерална партија, која била главен идеолог на уставот. Александар I како погоден момент го искористил убиството на рускиот цар Александар II од страна на приврзаниците на Народњаштвото. Учествувал во погребот на рускиот цар во Санкт Петербург, каде што успеал да го убеди неговиот наследник Александар III, дека бугарските либерали се блиски до идеите на атентаторите. Александар I ја добил наклонетоста на рускиот двор за своите идни дејствија. Поради своето потекло, ја имал поддршката и на Германското Царство и Австроунгарија.

На 27 април 1881 година, Батенберг извршил државен удар и го укинал Трновскиот устав, ја соборил легалната избраната влада на Петко Каравелов била соборена, а дотогашниот министер за одбрана - рускиот офицер Казимир Ернрот, ја презел функцијата на премиер. Со укинувањето на уставот, во Бугарското кнежевство била воведена неофицијална воена состојба. Територијата на Кнежевството било поделено на пет области, на чело на со вонредни комесари - руски офицери. На судовите им било наредено да издаваат само две пресуди - еден месец затвор и смрт.

Владата на Ернрот имала за задача да ги подготви и одржи избори за Големо Национално Собрание, кое требало да ги одобри барањата на Александар I Батенберг. По државниот удар, Либералната партија започнала кампања против бугарскиот кнез. Приврзаниците на либералите, масовно одбиле да учествуваат во изборите за Големото Национално Собрание, целиот изборен процес бил исполнет со судири помеѓу либералите и полицијата. На крајот, во Големото Национално Собрание речиси сите претставници биле приврзаници на Батенберг.

На 1 јули 1881 година во бугарскиот град Свиштов, Големото Национално Собрание започнало со својата работа. Александар I, прочитал соопштение со кое побарал право да управува со помош на полномоштва (оттаму името на режимот) во текот на седум години. Декларацијата била усвоена со овации, без дискусии. Батенберг добил право да управува со полномоштва, а по истекот на седумгодишниот период, требало да се свика Големото Национално Собрание кое требало да прифати измени на уставот.

Првата влада што Александар I ја составува не ги вклучила прествниците на Конзервативната партија, ако таа го поддржувала бугарскиот кнез. Новиот режим започнал со гонење на приврзаниците на Либералната партија, поради што речиси сите емигрираат (главно во Источна Румелија) или се интернирани. Во самата Либералната партија доаѓа до поделба на две крила, на чело на умереното крило бил Драган Цанков, кој бил подготвен да прифати одредени измени на уставот, ако тој биде возобновен. Крајното крило во Либералната партија било предводено од Петко Каравелов, кој барал целосно врање на Трновскиот устав. Неговите приврзаници ја издигнале паролата: "Има Устав - има кнез. Нема Устав - нема кнез". Режимот му доверил на задача на професорот Марин Дринов да започне преговови со либералите и конзервативците за да дојде до помирување. Меѓутоа, целата иницијатива била осудена на пропаст од самиот почеток. Односите на конзервативците се влошиле со Руското царство, бидејќи го поддржувале австроунгарскиот проект за железничка мрежа во Бугарија. мини|лево|150п|Драган Цанковмини|десно|150п|Петко Каравелов