Ние, мечките () — американска анимирана серија создадена од Даниел Чонг за Cartoon Network. Главните ликови во неа се тројца браќа мечки, а дејството — нивните обиди да се прилагодат во човечкото општество. Дејството се одвива во современиот свет. На 30 јуни 2020 г. излегол филмот „Ние, мечките: Филм“.
Содржина Серијата се посветува на тројцата браќа мечки што се обидуваат да се прилагодат во човечкото општество со купување храна, стекнување пријатели со луѓе или обидувајќи се да станат познати на семрежјето. Со овие обиди, се покажува дека мечките се мачат да го направат тоа, поради цивилизираната природа на луѓето и нивните сопствени животински нагони. На крајот, тие сфаќаат дека треба самите да се поддржуваат. Едно забележливо гледиште на хуморот на емисијата е „мечешката пирамида“. Како што предложува името, мечките се натрупуваат една врз друга, што им служи како начин на движење.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Цртани филмови Категорија:Анимирани серии