Гуља̀нци () — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Гуљанци во Плевенската Област. Има население од околу 3.179 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Градот се наоѓа во југоисточниот дел на Чернополската Низина, на левиот брег на реката Вит, само на 5,5 километри југозападно од Дунав и 34 километри северно од регионалниот центар Плевен.

Историја Гуљанци е наследник на антички каструм, кој настанал на левиот брег на реката Утус (тракиско име на реката Вит), како крајпатна станица на Дунавскиот римски пат од запад кон исток.

Турците ја нарекле населбата Ѓуљан (роза) поради белите и црвените рози кои ги преполниле нејзините дворови и околината. Со текот на времето, името се трансформирало во Ѓуљанде, Ѓуљанци до денес Гуљанци.

На 4 септември 1974 година, со Указ бр. 1942 на Државниот совет на НР Бугарија, Гуљанци бил прогласен за град.

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Гуљанци

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Плевен