Климент Џамбазовски ( во – во ) – македонски историчар, архивист и академик.
Џамбазовски е редок е најтемелен познавач на документацијата за Македонија во архивите во Србија.
Животопис
Основното образование го завршил во родниот град, а Учителската школа во Јагодина, Србија, во 1939 година. По кратко учителствување, ги завршил студиите по педагогија и историја на Софискиот универзитет.
Избран е за асистент на Катедрата по педагогија на Филозофскиот факултет на Скопскиот универзитет во 1949 година. По притворањето од информбирото и исклучувањето од Факултетот, тој станал надворешен соработник на Архивот на Македонија со работно место во Белград во 1952 година.
На Историско-филолошкиот факултет во Белград, тој ја одбранил докторската дисертација „Културно-општествените врски на Македонија со Србија во текот на XIX век“ во 1959 година.
Благодарејќи на богатите истражувања на архивите во Србија и публикуваните трудови, избран е за виш научен соработник на Балканолошкиот институт на САНУ во 1969 година, каде што е и пензиониран на 1 јануари 1985 година.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во 2006 година.
Објавувал повеќе студии и поголем број одделни публикации. Најзначајна му е серијата „Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија“ во 5 томови во 14 посебни книги, што го опфаќаат периодот од 1820 до 1891 година.
Необјавен останал подготвениот том V, книга III (1892-1893). За оваа серија ја добил наградата „11 Октомври“.
Наводи
Надворешни врски Профил на страницата на МАНУ
Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски архивисти Категорија:Македонски академици Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски архивисти Категорија:Доктори на Белградскиот универзитет Категорија:Академици на МАНУ