мини|Лажна месечина Лажна месечина — односително светла прозрачна област на Месечевиот ореол. Настанува поради прекршување на Месечевата светлина во рамни шестаголни ледени кристали во пердувесто-слоевитите облаци. Лажните месечини се појавуваат десно и лево од вистинската Месечина на растојание од околу 22° од неа (полупречникот на нормален ореол).

Тие се целосен аналог на лажни сонца, но се поретки, бидејќи за ова Месечината мора да биде светла, а со тоа и полна или речиси полна. Лажните месечини, како лажните сонца, се обоени: делот најблиску до Месечината е црвеникав, а далечниот дел е синкав. Но оваа боја доста тешко може да се забележи со окото, бидејќи светлината на лажната месечина одвај е доволна за да ги возбуди конусните ќелии — клетките на мрежницата што се чувствителни на боја.

Поврзано

Лажно сонце

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Атмосферски појави Категорија:Месечина __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__