Мирјана Ѓорѓиева (20 март 1956 година, Драмче - 2002, Скопје) ― македонски геолог.

Животопис Мирјана Ѓоргиева била родена на 20 март 1956 година во Драмче, Делчевско. Основно училиште и гимназија завршила во Штип во 1974 година. Дипломирала на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, на Групата за хидрогеологија во 1980 година. Во 1980 година, се вработила во Рударско-топилничкиот комплекс ФЕНИ во Кавадарци, каде што работела како приправник и самостоен инженер за хидрогеологија на рудникот ’Ржаново. Во 1984 година, се вработила во Геолошкиот завод во Скопје, а во 1988 година, се вработила на Институтот за географија при ПМФ како помлад асистент, а во 1992 година, била избрана за асистент. Магистрирала на Рударско-геолошкиот факултет во Белград во 1992 година. Докторирала во 1996 година, на темата „Геотермални ресурси во вардарската зона и српско-македонската маса на територијата на РМ”. Во 1997 година, била избрана за доцент, а во 2002 година, за вонреден професор на Институтот за географија при ПМФ. Студиски престојувала во Грција, Исланд и на Хаваи. Научната работа е од доменот на регионалната геологија, хидрогеологијата и геотермалната енергија. Има објавено околу 50 научни и стручни трудови во Македонија и странство. Била член на Македонското геолошко и Македонското географско друштво. Починала во 2002 година.

Поврзано

Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Михаило Зиков Петар С. Јовановиќ Димитар Јаранов Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски Душан Манаковиќ

Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ

Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски

Наводи

Категорија:Родени во 1956 година Категорија:Луѓе од Драмче Категорија:Починати во 2002 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски геолози Категорија:Југословенски геолози Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Југословенски професори