Националната Априловска гимнација (Национална Априловска гимназия) во Габрово е првото современо секуларно училиште во Бугарија. Била отворена на 2 јануари 1835, кога Бугарија сè уште била дел од Османлиското Царство, со финансиска помош на Васил Априлов, Николај Палаузов, Васил Рашеев, а образованието се водело по методот на Бел-Ланкастер.

Основана како Габровско училиште, го презело името на својот главен добротвор, Васил Априлов, во 1889. Училиштето постои и денес, откако се вратило во својата првобитна зграда во 1992 и едно од најпрестижните средни училишта во Бугарија.

Историја

Основање на заемното училиште Образованието на православните во Османлиската Империја во почетокот на 20 век се одвивало во ќелијни училишта, и тоа се состоело од буквар, часослов (наусница), псалтир, и завршувало со светчето, и сè се учело наизуст. По 1830 год. некои од учителите кои предавале по ланкастерски метод на грчки јазик, започнале да предаваат во превод на бугарски, свештена историја, катихизис, географија и словенска граматика на Мразович. лево|мини|219x219пкс|Васил Априлов Во 1833 год. габровците Васил Априлов и Николај Палаузов, кои живееле во Одеса, Руска Империја решиле да ги постават темелите на световното образование. Нивниот предлог да се изгради во Габрово едно училиште во кое ќе се предава по заемноучителен метод. Училишната зграда била подигната, но бидејќи немало ни учебници, ни учители на бугарски јазик, тие го побарале од трновскиот митрополит Иларион, отец Неофит Рилски, којшто бил таксидиот во неговата епархија во град Казанлак, да се приготви за учител во тоа училиште. Отец Неофит ја прифатил молбата и во почетокот на 1834 год. бил испратен во Букурешт да ја изучи ланкастерската метода, и истовремено да ги преведе и испечати потребните учебници. По девет месеци тој се вратил во Трново, од каде на 10 декември истата година Иларион го испратил со писмо во Габрово да го отвори училиштето. Иларион во писмото им заповедал на граѓаните – децата да учат на бугарски до дванаесеттата година, а потоа на грчки за да не бидат лишени од полното и вистинско образование. На 2 јануари 1835 год. отец Неофит го отворил училиштето со настава по заемноучителен метод, најпрво по руски заемни таблици, до пристигнувањето на бугарските во истата година.

мини|Скица на Габровското заемно училиште Во 1840 год. била создадена првата училишна библиотека во бугарските земји од донираните лични книги на неговите добротвори Васил Априлов и Николај Палаузов. Истата година, учителот Калист Луков отворил „повисок, горен клас“ за учениците кои сакале да го продолжат своето образование. Пред својата смрт, Васил Априлов во 1847 год. како завештание на училиштето го остава целото свое богатство во износ од 60.000 рубљи. Во 1851, од Одеса во Габрово доаѓа Васил Рашеев, племеник на Н.С. Палаузов, и свечено го поставува камен темелнкиот на новата зграда на училиштето. За 3 месеци првиот кат на зградата, од бел делкан камен е изграден, но поради грешки на мајсторот по планот и поради исцрпување на средствата, градежништвото запира за цели 21 година.

На 12 ноември 1856 било отворено и женско училиште во Габрово, кое било сместено во една просторија на црквата „Света Троица“. Учителка прво била баба Недела, која предавала „по ќелијно“, а од крајот на истата година Зиновија Константинова, која почнала да предава по заемноучителен метод. Поради големиот интерес, црковната просторија брзо станала претесна, а училиштето било преместено во Светогорскиот метох.

Воздигнување во класно училиште и гимназија Со доаѓањето на рускиот воспитаник Тодор Бурмов за учител во 1857 год. започнува модернизацијата на училиштето. Тој ги поставил основите на класното училиште, и вовел нови предмети: логика, физика, геометрија, француски и новобугарски јазик. Против волјата на Бурмов, во учебната програма биле задржани грчкиот и турскиот јазик како предмети. Во тој момент многу бугарски градови веќе поднесувале петиции до султанот дека не сакаат да бидат под грчка црковна власт и не сакаат грчки јазик во црквите и училиштата. Затоа, штом станал учител, тој едноставно го исфрлил грчкиот јазик од настава, воден од национален интерес и од пошироко човечко гледиште. Тоа предизвикало силни протести од страна на стариот учител Христодул Костович и од дел од конзервативните Габровци. Конфликтот не бил само околу грчкиот јазик – тој се проширил и на целите реформи што Бурмов ги вовел. Борбата станала многу остра, бидејќи двете страни имале сосема различни погледи на општествените движења – едните напредни и национални, другите конзервативни и гркофилски. На крајот, Христодул Костович сфатил дека новото движење силно напредува и дека не може да се задржи, па заминал од Габрово засекогаш. Грчкиот јазик останал формално во програмата (за некаков компромис), но без предавач, а турскиот јазик воопшто не се вовел на почетокот на таа учебна година. Противниците на Бурмов го искористиле токму тоа како оружје – многу родители ги извадиле децата од габровското училиште и ги испратиле во Пловдив, наводно за да учат турски. Борбата станала уште поостра, сега наводно околу турскиот јазик, кој бил јазикот на власта и од кој зависело опстојувањето на самото училиште. Под тој притисок Бурмов на крајот отстапил и го вовел турскиот јазик, но набргу потоа, на 3 февруари 1860 година, го напуштил Габрово и заминал за Цариград. лево|мини|203x203пкс|Рајчо Каролев, прв директор на гимназијата Во 1871 год. од Русија се враќаат повеќе учители, како Рајчо Каролев, Иван Ѓузелев и Петар Генчев, а од 1872 училиштето било воздигнато во VII класна гимназија. Во 1873, по 21-годишна изградба, новата училишна зграда била официјално отворена, а главното машко училиште - гимназија била преместена во неа. За време на Руско-турската војна (1877-1878), зградата на Гимназијата била пренаменета во воена болница со 200 кревети за руските војници, а наставата била прекината до завршување на војната.мини|Фотографија од свеченото положување на коските на Васил Априлов во дворот на Априловската гимназија во Габрово во 1897 годинаЗа време на свечената прослава на 100-годишнината од раѓањето на Васил Априлов, на 20 јули 1889 со указ на кнез Фердинанд, гимназијата била преименувана во „Државна машка Априловска гимназија“.

Наводи

Извори

Надворешни врски Славейков, П. Габровското училище и неговите първи попечители. Цариград, 1866

Категорија:Бугарија во новиот век Категорија:Габрово Категорија:Училишта во Бугарија