Природен парк Русенски Лом () ― заштитено подрачје во Општина Иваново, Област Русе, северна Бугарија. Паркот е основан на 26 февруари 1970 година, со цел да се заштити кањонот Русенски Лом, последната значајна десна притока на Дунав. Паркот зафаќа површина од 3,408 хектари.
Областа на паркот била населена во праисторијата. Помеѓу 12 и 14 век, за време на Второто Бугарско Царство, областа станала привлечна за монасите и биле основани неколку пештерски манастири. Како резултат на ова, тој стана значаен културен центар. Откако Отоманската Империја ја освоила областа, тие почнале да се распаѓаат. Остатоците од манастирите сега се дел од Ивановските карпести цркви кои се сместени во паркот и се светско наследство.
Кањонот е изолиран, што овозможува создавање на природна средина која ги комбинира карактеристиките на медитеранската и средноевропската фауна и флора. Голем дел од областа е покриена со шума.
Природниот парк е главна туристичка атракција. Главните активности во паркот вклучуваат посета на цркви издлабени во карпи, рафтинг и посета на пештери.
Наводи
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со текст на бугарски Категорија:Појавено во 1970 година во Бугарија Категорија:Заштитени подрачја основани во 1970 година Категорија:Туристички атракции во Русе (област) Категорија:Природни паркови во Бугарија Категорија:Географија на Русе (област)