Убијци на цветната месечина () — американски епски криминалистички драмски филм во режија на Мартин Скорсезе во вестерн-жанр, заснован на популарната научна книга „Убијци на цветната месечина“ од Дејвид Гран за убиствата во округот Осејџ. Главните улоги ги толкуваат Леонардо ди Каприо, Роберт де Ниро и Лили Гледстоун.
Развојот започнал во март 2016 г. кога Imperative Entertainment ги добил правата за адаптација на книгата. Скорсезе и Ди Каприо се придружиле на филмот во 2017 г., а производството се очекувало да започне на почетокот на 2018 г. По неколку одложувања и задоцнувања поради пандемијата КОВИД-19, производството на филмот требало да започне во февруари 2021 г., со потврдено финансирање и распределување на Apple TV+ заедно со Paramount Pictures. Филмот бил снимен помеѓу април и октомври 2021 г., во окрузите Осејџ и Вашингтон, Оклахома. Произведен бил од Sikelia Productions на Скорсезе и Appian Way Productions на Ди Каприо, со неговиот буџет од 200 милиони долари, наводно, најголемата сума потрошена некогаш за снимање филм во Оклахома.
Содржина Членовите на индијанското племе Осејџ во САД се убиени под таинствени околности во 1920-тите, што предизвикува голема истрага на ФИБ во која е вклучен Џ. Едгар Хувер.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2023 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Вестерн Категорија:Американски вестерни