мини| „Куќата во Исла Негра“ (Casa de Isla Negra), познатата куќа на плажа на Пабло Неруда сместена во Исла Негра, сега историска куќа музеј и туристичка атракција. мини| Куќа на плажа во Цингст, Западна Померанија, Германија. десно|мини| Луксузните градски домови на Каровата плажа и Спауровата плажа, 2021 година. Куќа на плажа ― куќа на или во близина на плажа, понекогаш е користена како одмор или втор дом за луѓе кои патуваат до куќата за време на викендите или за време на периодите на одмор. Куќите на плажа честопати се дизајнирани да го надминат видот на климата во која се изградени, а градежните материјали и методите на градба што се користени за домување на плажа се многу различни низ светот. Куќите на плажа бараат посебна боја за да бидат заштитени од солената вода.[потребен е цитат] Доколку имотот е изграден на песок, потребна е основа со посебни барања.

Куќите на плажа често се поврзувани со градини на плажа со посебно садење и посебен вид на рекреативна употреба. Една од најпознатите градини на плажа од дваесеттиот век била изградена од Дерек Џарман во Данџнес, Англија. Градината ги истакнувала месните материјали, автохтоните растенија и отвореноста на местото. Други градини на плажа се обиделе да создадат изолирана микроклима. Архитектот Ендрју Гелер од Соединетите Држави, дизајнирал извајани куќи на плажа во крајбрежните региони на Нова Англија во текот на 1950-тите и 1960-тите.

Поврзано

Список на теми за недвижен имот Видови недвижен имот Колиба на плажа

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Водата и животната средина Категорија:Крајбрежни градби Категорија:Луксузен недвижен имот Категорија:Куќи на плажи Категорија:Видови куќи