„Бушава азбука“ — македонска детска телевизиска серија наменета за изучување на македонската книжевност, култура, традиција преку музиката, илустрациите и глумечката игра. Таа се смета за најуспешниот производ на МРТ.
Прикажување Серијата е снимена во 1985 година од Македонската радио-телевизија во режија на Слободан Унковски. Автор на сценариото е Горан Стефановски. Постои и истоимена книга изработена од Стефановски и од српскиот илустратор Душан Петричиќ. Серијата има вкупно 31 епизода, по една за секоја буква од македонската азбука, а секоја епизода трае половина час.
Во 2019 година била објавена дигитализирана верзија на книгата, изработена од македонскиот дизајнер и софтверски инженер Гоце Митевски.
Наводи
Надворешни врски „Бушава азбука“ - дигитално издание
Категорија:Македонски телевизиски серии Категорија:Македонски дела од 1985 година Категорија:Појавено во 1985 година во Македонија Категорија:Телевизиски серии со почеток во 1985 година Категорија:Телевизиски серии на македонски јазик