Хенил () — река во Андалусија, јужна Шпанија, главна притока на Гвадалкивир. Во римско време се нарекувала Сингилис (Singilis), а денешното име е изведенка од Синил или Санил — маварско предавање на латинското име.
Течение
Реката извира од венецот Сиера Невада, северно од највисокиот врв Муласен. Тече низ градовите Гранада, Лоха, Пуенте Хенил и Есиха. Се влева во Гвадалкивир кај градот Палма дел Рио.
Главна притока на Хенил е Даро. Друга поголема притока е Касин, која се влева југозападно од Виљануева Месија.
Геолошка историја Реката денес ја одводнува Гранадската Котлина. За време на миоценот (пред 9,0–5,3 милиони години) ова бил непроточен слив; реките дотекувале од исток и југозапад во средишно езеро кое немало истек.
За време на плиоценот, западниот дел на сливот се одводнуван од системот-претходник на Касин, кој течел на север, а потоа го напуштал сливот на запад. Источниот пат се одвонувал од аламбрискиот систем или претходниот на Хенил се напојувал од планините на исток и завршувал во мало непроточно езеро на север. Извесно време подоцна Хенил го сменил течението на запад, каде се среќавал со претходникот на Касин, со што сливот станал проточен.
Поврзано Список на реки во Шпанија
Наводи
Надворешни врски
Хидрографски сојуз на Гвадалкивир
Категорија:Реки во Шпанија Категорија:Реки во Андалусија