Лираглутид е антидијабетичен лек кој се користи во третманот на дијабетес тип 2, и хронична обезност. Тој е второлиниска терапија за дијабетес кој се користи после прволиниската со метформин. Неговите ефекти врз долгорочните здравствени исходи како појавата на срцева болест и очекуван животен век се нејасни. Се користи како субкутана инјекција.

Лираглутидот спаѓа во класата на агонисти на GLP-1 рецепторот, познати и како инкретомиметици. Делува преку зголемување на ослободувањето на инсулин од панкреасот и намалување на прекумерното ослободување на глукагон.

Наводи

Категорија:Антидијабетични лекови