Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во струмичкото село Стиник, Македонија.

Црквата била изградена во доцнопреродбенички стил.

Местоположба

Црквата се наоѓа во северниот дел на селото, на една доминантна височинка. Во дворот на црквата се наоѓаат и стари гробишта.

Историја

Храмот бил подигнат во 1860 година.

Архитектура

Претставува трикорабна псевдобазилика со рамен дрвен касетиран таван на трите кораба.

Икони и иконостас

Иконостасот на црквата бил насликан во 1898 година од струмичкиот зограф Григориј Пецанов.

Галерија

Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Стиник

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Вознесението Христово во Македонија Категорија:Појавено во 1860 година