Ватуил, во некои преводи се сретнува и како Ветуил (, „човек Божји“) — во Библијата бил Арамеец, најмладиот син на Нахор и Милка, внук на Авраам и татко на Лаван и Ревека.Битие 28:5 Ватуил исто така бил град на територијата на Симеоновото племе, западно од Мртвото Море.1 Летописи 4:30
Ватуил, потомок на Тара, живеел во Падан-Арам. Авраам го испратил својот главен слуга Елиезер во Падан-Арам со задача да најде соодветна жена за својот син Исак. Кај бунарот во близина на градот Нахор во Арам-Нахараим, слугата наишол на Ревека, ќерката на Ватуил. Согледувајќи ги поволните околности, слугата изразил благодарност што ја запознал ќерката на Ватуил, роднина на Авраам. Како одговор, Лаван и Ватуил го признале божествениот указ, велејќи му на Елиезер: „Од Господа дојде ова; ние не можеме да ти кажеме ни лошо, ни добро. Еве, Ревека е пред тебе, земи ја, па оди, и нека му биде жена на синот од твојот господар, како што рекол Господ“ (Бит. 24:50–51).
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Библиски личности Категорија:Арамејци Категорија:Личности од книгата Битие