Лазар Алексиев Мирчевски — македонски копаничар, еден од последните претставници на Дебарската школа.

Животопис Лазар Алексиев е роден во село Осој, Дебарско, околу 1884 г.Во 1912 г. при стапувањето во Македонско-одринскиот полк имал 28 години. Правнук е по мајчина линија на Иван Филиповски, брат на Петре Филиповски, од големиот гарски копаничарски род Филиповци, а по таткова е внук на Мирче Деспотов и син на Алексо Мирчев.

Татко му се преселил во Софија. Заедно со брат му Нестор Алексиев Мирчевски, работел мебелна резба, тавани, иконостаси и друго. Од 1899 до 1902 г. Нестор Алексиев работел со Лазар во Бер, Егејска Македонија — иконостасите во манастирите „Св. Јован Претеча“ и „Св. Атанасиј“ над Бистрица и резби во „Св. Антониј Нов“. Со брат му по цена од 45 златни наполеони го обновил иконостасот на црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Пазарџик кој настрадал во пожар, а бил дело на Макариј Фрчковски. Нивни се и иконостасите во „Успение на пресв. Богородица“ во Новачене и „Вознесение Христово“ во битолското село Брусник (1903), уништен во Првата светска војна. По Илинденското востание во период од три години двајцата браќа работеле на нов иконостас како замена за изгорениот иконосас на храмот „Св. Јован Крстител“ во Крушево. Потоа тие се разделиле, и Лазар останал во Крушево сè до 1908 г.

Во 1909 г. пристигнал во Бугарија и ѝ се приклучил на тајфата на соселанецот Петар Јосифов, со која работел на иконостасите на „Св. Јован Претеча“ во Брацигово и „Воскресение Христово“ во софиско Челопечене. Следната 1910 г. со Иван Травницки го работел иконостасот на храмот „Св. Петка“ во Софија, за која ги изработил сите столбови.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. Лазар Алексиев бил доброволец во Македонско-одринскиот полк и служел во чета бр. 39 на војводата Методиј Стојчев од Крушево.

Во 1914 г. со брат му Нестор го започнале иконостасот на „Св. Никола Софиски“ во Софија по проект на Антон Торњов и Стефан Баџов, каде Нестор бил главен изведувач. Иконостасот е завршен до фронтонот во 1919 г., а фронтонот со распетието е дело на Иван Травницки.

На 10 март 1943 г. като жител на Софија поднел молба за бугарска народна пензија, која му е одобрена.

Починал во 1963 г. во Софија.

Родословие

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Македонски копаничари Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Осој (Дебарско) Категорија:Родени во 1884 година Категорија:Починати во 1963 година Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски преселници во Софија