Крсте Дичов Перков — македонски копаничар, претставник на Дебарската школа.
Животопис Роден е околу 1784 г. во големото мијачко село Тресонче, Реканско. Се занимавал со копаничарство. Патувал низ Македонија изработувајќи иконостаси, амвони и друг дрвен црковен инвентар. Татко е на Дичо Зограф, еден од најпрочуените балкански уметници во своето време, кој првично се обучувал и работел кај него.
Родословие
Наводи
Категорија:Македонски копаничари Крсте Категорија:Луѓе од Тресонче Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Родени во 1784 година