Апел до Македонците во БугаријаПишан во постар правопис како "Апелъ къмъ Македонцитѣ въ България" — организиран во 1944 година од 29 познати македонски активисти од Бугарија, од кои голем дел од членовите биле поранешни дејци на ВМРО (Обединета). Голем број од Македонците во Пиринска Македонија биле против строгото владеење на Фашистичката Бугарска држава, поради што активистите организирале апел. Главната задача на апелот била придобивка за помош од македонскиот народ за народното ослободување и обединување на Пиринска Македонија кон новоформираната СР Македонија. Во апелот била изразена и желба за помагање на НОБ во Вардарска Македонија. Апелот станал многу познат меѓу македонското малцинство во Бугарија. ОМО Илинден Пирин, позната македонска организација во Бугарија во 1990-те направила своја верзија на апелот. Целиот апел е зачуван во македонските архиви. Апелот го користел познатото мото „Македонија на Македонците“, редовно користен помеѓу Македонските организации во Софија и Пиринска Македонија.Cvetkovska, N. (1990). Političkata aktivnost na makedonskata emigracija vo Bugarija od 1918 do 1929 godina. Македонија: Institut za nacionalna istorija. p.39 Апелот бил пишан и за прв пат објавен во градот Софија.

Новата влада на Бугарија, со почеток од 9 септември 1944 г. набрзо почнала да организира или укинува различни македонски патриотиски организации во Бугарија. Меѓу нив биле Сојузот на македонските емигрантски организации, Илинденската организација, Македонскиот женски сојуз и Сојузот на македонските младински организации. Судбината на 29 активисти кои што го организирале апелот е разновидна. Некои имале висока политичка сила после војната во Бугарија и во Македонија, додека некои биле затворени, изолирани или убиени. Апелот бил разбирливо неуспешен, неговата главна улога била обединувањето на Пиринска Македонија од Бугарија.

Ѓорѓи Димитров, првиот претседател на Социјалистичка Бугарија со Македонски корени, намеравал со Бледскиот договор да даде независност на Пиринска Македонија, но по неговото починување новиот претседател бил против идеата.

Структура Апелот започнува со насловот и реченицата "Драги сонародници",Апел до Македонците во Бугарија - 1944 а потоа започнува да ја објаснува долгата историја на македонскиот народ под Османлиите и храброста на сите учесници во Илинденското востание. Потоа, именувани се низа познати македонски револуционери, а помеѓу сите нив се и Даме Груев, Гоце Делчев, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров. Апелот го споменува и македонското прашање каде што ја истакнува разликата помеѓу македонскиот народ и другите народи на Балканот.Macedonian Review, Томови 14 - 15 (1984) од Културен живот, страна 314LX, Memoirs of a Jugoslav (1977) од Ване Ивановиќ, страна 315 (издавачка куќа - Harcourt Brace Jovanovich)

Апелот декларативно завршува со барањето за сојуз со СР Македонија и разделувањето на Пиринска Македонија од Бугарија. Се истакнува и почитта кон Југословенските партизани и Црвената армија. Во апелот се посакува крај на Фашистичката Бугарска окупација врз Македонија. 29 активисти се потпишале на апелот, сите од нив Македонци: БројИме1Павел Шатев2Божин Димитров3Иван Поп Јорданов4Љубен Манолов5Христо Калајџиев6Георги Саракинов7Александар Мартулков8Лазар Поповски9Христо Далкалчев10Христо Тенчев11Петар Шанданов12Пецо Трајков13Лазар Ашлаков14Туше Делииванов15Георги Динишев16Георги Деспотов17Ангел Динев18Крсте Гермов19Филип Поп Тодоров20Димитар Халватџиев21Иван Палејков22Никола Константинов23Лазар Божинов24Гоце Грков25Васил Христов26Борис Михов27Туше Влахов28Стефан Нанов29Михаил Герџиков

Наводи

Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонска емиграција