467 Антемиј станал римски цар. 1204 Крстоносците го освоиле и опустошиле Цариград. 1557 Бил основан градот Куенка во денешен Еквадор. 1606 Создадено официјално знамето на Обединетото Кралство. 1633 Започнува процесот на инквизиција против Галилео Галилеј. 1861 Започнала Американската граѓанска војна со нападот на силите на Конфедерацијата на Форт Сумтер во Јужна Каролина. 1877 Обединетото Кралство ја припоило Јужна Африка. 1917 Прва светска војна: Канада победила во Битката кај Вими против Германија. 1945 Дотогашниот потпретседател Хари Труман станал претседател на САД, откако претседателот Франклин Рузвелт починал додека бил на функција. 1961 СССР го лансирале во орбита околу Земјата вселенскиот брод „Восток 1“ во кој се наоѓал првиот човек во вселената: 27-годишниот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин. 1966 Американските авиони првпат ја бомбардираа територијата на ДР Виетнам, со што почна ескалацијата на војната во Индокина. 1981 Првиот лет на првото повеќекратно употребливо и пилотирано вселенско летало „Колумбија“ на НАСА. 1992 Отворен е забавниот парк „Дизниленд Париз“ — прв во Европа. 12 април
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 12 април (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.