Скачковски манастир — манастир во северниот дел на Македонија, во селото Скачковце.
Местоположба
Манастирот се наоѓа јужно од селото, на рид над селото, каде и во минатото имало крст кај кој се собирале селаните на собор. До манастирот води асфалтен пат, кој завршува со голем манастир во подножјето на ридот, од каде водат скали до самиот врв на ридот.
Манастирскиот комплекс зафаќа површина од 20 хектари, уредени со патеки, места за седење, фонтана, мала зоолошка градина и игралиште за деца.
Градби
Во склоп на манастирот влегуваат две цркви, камбанарија, параклис, 12-метарски крст подигнат во 1996 година, библиотека, чешма, конаци, споменици на Пресвета Богородица и Свети Климент Охридски, 3-метарско велигденско јајце и помошни објекти.
Црква „Св. Троица“
Оваа црква е подигната заедно со целиот манастир во 2000 година.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Оваа црква започнала да се гради во 2021 година.
Конаци
Манастирот поседува нови конаци.
Историја
Местото на кое е подигнат манастирот е познато како крстно место во селото. Како светилиште постои од век.
Манастирот е изграден од познати вевчански мајстори по повод 2000 години од христијанството и осветен во 2001 година. Денес, во него се вршат крштевки, венчавки и молитви. Манастирот годишно го посетуваат над 5.000 ученици.
Како ктитор на манастирот се јавува прота Стојан Пајковски.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Скачковце Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Кумановско-кратовското архијерејско намесништво Категорија:Манастири во Кумановско-осоговската епархија