мини|286x286пкс| Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година. Хаџи Мудидин (турски: Hacı Mudidin) — старо скопско маало.
Местоположба Маалото се наоѓало источно од маалото Џедид Иса-Бег, на десната страна од некогашното корито на реката Серава.
Историја Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 33 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 64 мажи муслимани, со 19 новороденчиња. Исто така имало и 19 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 204 жители.
Сегашност Денес низ маалото поминува улицата „Серава” и има околу 80 куќи. Сите куќи се густо збиени една до друга.
Наводи
Категорија:Стари скопски маала