Хрватски одбранбени сили (ХОС; ) — паравоена група на Хрватската партија на правата (ХПП) од 1991 до 1992 година, за време на првите фази на Војните во Југославија. За време на Хрватската војна за независност, ХОС организирале неколку чети и учествувале во одбраната на Хрватска. На врвот на војната во Хрватска, ХОС располагале со неколку баталјони. Првите единици на ХОС биле предводени од Анте Параџик, член на ХСП, кој бил убиен од хрватската полиција во септември 1991 година. По општата мобилизација во ноември 1991 година во Хрватска и прекинот на огнот во јануари 1992 година, ХОС била припоена кон хрватската армија.

Единиците на ХОС во Босна и Херцеговина се состоеле од Хрвати, Бошњаци и странски доброволци предводени од Блаж Краљевиќ. На 9 август 1992 година, Краљевиќ и осум членови на персоналот биле убиени од војници на Хрватскиот совет за одбрана (ХСО) под команда на Младен Налетилиќ. ХОС биле распуштени набргу потоа и припоени од ХСО и Армијата на Република Босна и Херцеговина на почетокот на Бошњачко-хрватската војна. Последната единица на ХОС била распуштена на 5 април 1993 година во средна Босна и Херцеговина.

Галерија

Поврзано Блаж Краљевиќ Хрватска партија на правата

Наводи 

Фусноти

Општи извори

Категорија:Хрватски националистички организации Категорија:Воени единици и формации во Хрватската војна за независност Категорија:Воени единици и формации во Босанската војна Категорија:Антикомунистички организации Категорија:Воени единици и формации основани во 1991 година Категорија:Воени единици и формации распуштени во 1993 година Категорија:Воени крила на фашистички партии Категорија:Појавено во 1991 година во Хрватска Категорија:Појавено во 1991 година во Босна и Херцеговина Категорија:Паравоени организации со седиште во Хрватска Категорија:Паравоени организации во војните во Југославија Категорија:Крајнодесна политика во Хрватска Категорија:Хрватски иредентизам Категорија:Распуштени паравоени организации