мини|300x300пкс| Обвивка на весникот The Cologne Post, поштенски означена од Army Post Office S40 на 28.05.(19)21. The Cologne Post ― поранешен дневен весник објавуван за Британските вооружени сили од 31 март 1919 година до 17 јануари 1926 година. Потоа продолжил да работи како The Cologne Post и Wiesbaden Times од 28 јануари 1926 година - 3 ноември 1929 година. Имал и горношлезиско издание објавено од 17 јуни до 6 август 1921 година во Опелн за британските сили во Горна Шлезија. Основач и главен уредник бил Вилијам Едвард Ролстон на The Cologne Post. Ролстон бил капетан кој служел во Кралскиот источнокентски полск (т.н. Бафс) Весникот бил печатен во Келн од Kölnische Volkszeitung.
На 1 август 1923 година во писмен одговор на прашање до државниот потсекретар за војна, потпоручник- полковникот Гинис изјавил дека „... The Cologne Post ... е независна организација која не се финансира од армиски фондови“
Армиската пошта С40 била основана во Келн, Германија во 1919 година за да обезбеди поштенска поддршка на првата Британска армија на Рајна (БАОР) и била затворена во 1929 година кога силите конечно биле повлечени од Германија.
Наводи
Категорија:Масовни медиуми на Британската армија Категорија:Рајнска покраина Категорија:Весници објавувани во Келн Категорија:Прекинати весници на англиски јазик објавувани во Европа Категорија:Појавено во 1919 година во Германија Категорија:Престаноци во 1929 година во Германија Категорија:Весници основани во 1919 година Категорија:Прекинати публикации во 1929 година